Европски клупски куп

Ding, Liren
Велемајстор
Фед
CHN
Рејтинг 01. 09. 2016
2753


Eljanov, Pavel
Велемајстор
Фед
UKR
Рејтинг 01. 09. 2016
2739


Andreikin, Dmitry
Велемајстор
Фед
RUS
Рејтинг 01. 09. 2016
2727


Yu, Yangyi
Велемајстор
Фед
CHN
Рејтинг 01. 09. 2016
2725


Jakovenko, Dmitry
Велемајстор
Фед
RUS
Рејтинг 01. 09. 2016
2714


Kryvoruchko, Yuriy
Велемајстор
Фед
UKR
Рејтинг 01. 09. 2016
2693


Панчевски, Филип
Интернационален мајстор
Фед
MKD
Рејтинг 01. 09. 2016
2503


Недев, Трајко
Велемајстор
Фед
MKD
Рејтинг 01. 09. 2016
2484


Драгољуб Јаќимовиќ
Капитен
Фед
MKD
Рејтинг 01. 09. 2016
2404


Европскиот Клупски Куп (ECC, European Club Cup) е најсилното клупско шаховско натпреварување. Сите европски држави се застапени со своите најсилни екипи, засилени со шахисти од целиот свет.

Шаховскиот клуб Алкалоид е најсилниот клуб во историјата на шаховската игра во Македонија, кој со години е главен столб и на државните репрезентации. Клубот функционира во континуитет 40 години, под спонзорство на Алкалоид АД, преточувајќи го корпоративниот начин на функционирање (организација, сигурност, успешност) и во клубот. Алкалоид изгради моќен и препознатлив европски шаховски бренд, со силни играчи и сигурна организација. Согласно долгорочната стратегија, клубот од 2010 година се фокусира кон развој на јуниорскиот шах.

Сепак, од 2015 година фокусот повторно е насочен и кон меѓународната сцена. После успехот со делба на петтото место на Европскиот Клупски Куп минатата година во Скопје, ШК „Алкалоид“ продолжува со несмалени амбиции и за 2016 година, подготвувајќи се за учество повторно на Европскиот Клупски Куп во Нови Сад, Србија, 05-13 Ноември.

Боите на клубот ќе ги бранат и 6 елитни светски велемајстори од Русија, Украина и Кина, заедно со двајца македонски играчи. Сите странски играчи, освен Ding Liren, во изминатите години веќе биле дел од составот на шк „Алкалоид“, а со тоа на одличен начин се одржува тимскиот дух во екипата:

  • Ding Liren (роден 1992), член на кинеска репрезентација и освојувач на златен медал на последната Олимпијада 2014 и на Светското Екипно Првенство 2015, при тоа и бронзен медал за индивидуален резултат. Ding е трикратен шампион на Кина (2009, 2011, 2012). Во август 2015 станува вториот кинески играч кој што влегол во ТОП 10 играчи во светот. Во Јули 2016 Ding беше највисоко рангиран Блиц играч во светот.
  • Eljanov Pavel (роден 1983), стандарден член на Украинската репрезентација со која има освоено две олимписки злата; во 2015 година на Светскиот Куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009 и 2010).

  • Andreikin Dmitry (роден 1990) член на Руската шаховска репрезентација; Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010), два пати (2008 и 2012) златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп.

  • Yu Yangyi (роден 1994), член на кинеската репрезентација со која освојува златен медал на последната Олимпијада 2014. Во 2015 година златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп.

  • Jakovenko Dmitry (роден 1983), член на Руската репрезентација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Со Руската репрезентација Првак на Европскиот Екипен Шампионат за 2007 година и носител на сребрен Олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2005, 2006).

  • Kryvoruchko Yuriy (роден 1986) член на Украинската шаховска репрезентација; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 5 години; 2015 година втор најдобар индивидуален резултат на Европски Клупски Куп.

  • Панчевски Филип (роден 1988), член на Македонската шаховска репрезентација. Шампион на Македонија 2010, 2012, 2014, 2016.

  • Недев Трајко (роден 1973), член на Македонската шаховска репрезентација, со која освојува сребрен медал за индувидуален резултат на Олимпијата 1996 и Европското Екипно Првенство 2003 година. Шампион на Македонија 1997, 2000 и 2011.

  • Јаќимовиќ Драгољуб (роден 1964), како член на Македонската шаховска репрезентација освојува златен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 2000. Долгогодишен селектор на репрезентацијата. Капитен на екипата на ШК Алкалоид од 2009 година.