ANDREIKIN DMITRY
Роден е на 5 февруари 1990 година во Русија. Титулата велемајстор ја освојува во 2007 на 17 годишна возраст. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува на Екипното Првенство на Македонија во 2012, 2015, 2016, 2017 и 2018 година. Во 2015, 2016, 2017 и 2018 година за ШК Алкалоид настапува и на ЕКК. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на трета табла.
Позначајни резултати:
- Во 1999 година станува светски шампион до 10 години
- Во 2006 година го поделува првото место на Липецк Опен
- Во 2008 година е победник на 4от Инаутомаркет Опен во Минск. Истата година дели трето место на Чигорин Меморијал
- Во 2009 го дели првото место на Спајс Куп турнирот од 16та категорија во Тексас
- Во 2010 година станува светски шампион до 20 години победувајќи на светското младинско шаховско првенство во Полска. Истата година го освојува второто место на Чигорин Меморијал
- Во 2011 година дели второ место на Баку Опен во Азербеџан
- Во февруари 2012 година го дели 4то место на силниот Аерофлот Опен во Русија
- Во 2012 година станува Шампион на Русија
- Во 2013 година на силниот турнир Таљ Меморијал, Андреикин иако последно рангиран, успеа да остане непоразен. Од 9 партии освои 5 поени.
- На Светскиот Куп во 2013 година Андреикин се пласираше во финалето, каде што загуби од Владимир Крамник. Резултатот го квалификуваше за Турнирот на Кандидати во 2014 година
- Во 2014 година на ФИДЕ Гран-При турнирот во Ташкент го освои првото место каде што беше подобар од Накамура Хикару, Мамедиаров Шахриар, Каруана Фабијано и други осум елитни велемајстори. Освоените 7 поени од 11 партии му донесоа нему највисок перформанс од 2852 поени
- Во 2015 година повторно учествува на Светскиот Куп
- Во 2016 година е победник на Хаселбакен Опен во Шведска каде што првото место го освојува со 7,5 поени од 9 партии
- Победник на мошне силниот Абу Даби ОПЕН 2016.
- Делба на прво место на Extracon Chess Open 2018, освоени 8,5 поени од 10 партии
DING LIREN
Роден е на 24 октомври 1992 година во Кина. Титулата велемајстор ја освојува во 2009 на 17 годишна возраст. Ding е трократен шампион на Кина (2009, 2011, 2012). Со репрезентацијата на Кина на Олимпијадата во 2014 година го освојува првото место, а поединечно освојува бронзен медал. Во август 2015 станува вториот кинески играч кој што влегол во ТОП 10 играчи во светот. Во jули 2016 Ding беше највисоко рангиран Блиц играч во светот. Во Септември 2017 стигнува до финалето на Светскиот Куп, со што се квалификува за Турнирот на кандидати за предизвикувач на Светскиот Првак.
За ШК Алкалоид на ЕКК настапува во 2016, 2017 и 2018 година. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои сребрен медал за индивидуален резултат на прва табла.
Во Август 2018 година ја поминува рејтинг границата од 2800 поени, искачувајќи се на 4 место на светската ранг листа!
Позначајни резултати:
- Во 2002 делба на прво место на Светското Првенство до 10 години
- Во 2004 делба на прво место на Светското Првенство до 12 години
- Во 2005 се пласира на Шампионатот на Кина
- Во 2007 учествува на силниот Зонски турнир во Денжоу каде што освојува 6,5 поени од 9 партии
- Во мај 2009 година учествува на Азискиот Континентален Индивидуален Шампионат каде што освојува 6 поени од 11 партии и тој резултат му ја носи првата норма за велемајстор
- Истиот месец победува на Шампионатот на Кина со 8,5 поени од 11 партии, остварувајќи перформанс од 2800+ поени и освојувајќи ја својата втора норма за велемајстор
- Во октомври 2009 година на турнирот станува 30от кинески велемајстор
- Во 2011 година повторно станува Шампион на Кина со 9 поени од 11 партии
- Во 2012 година ја одбранува титулата со освоени 8 поени од 11 партии
- Во 2014 година со репрезентацијата на Кина го освојува првото место на Олимпијадата во Норвешка и воедно освојува бронзен медал на својата табла
- Во 2015 година на Светското Екипно Првенство повторно со репрезентацијата на Кина го освојува првото место и освојува бронзен медал на својата табла
- Во 2017, Победник на супертурнирот Shenzhen Longgang Chess Grandmaster Tournament – Кина, со 6,5 поени од 10 партии.
- Победник на турнир од FIDE Grand Prix 2017 Series, Москва – Русија, со 6 поени од 9 партии.
- Во 2017, на 8th Hainan Danzhou Super Grandmaster Chess Tournament – Кина, 2 место со 5,5 поени од 9 партии.
- Во Септември 2017 на Светскиот Куп (World Cup 2017, Georgia) стигнува до финалето и се пласира на турнирот на кандидатите. Тој е првиот Кинески шахист во историјата што постигнал ваков успех.
- Делба на трето место место на Fide Grand Prix Series 2017, Палма де Мајорка со освоени 5 поени од 9 партии без ниеден пораз
- Четврто место на турнирот на кандидатите за предизвикувач на Светскиот првак во 2018 година, освоени 7,5 поени од 14 партии
- Второ место на SHAMKIR CHESS 2018 со освоени 5,5 поени од 9 партии
ELJANOV PAVEL
Роден е на 10 мај 1983 година во Украина. Шаховски велемајстор од 2000 година. За Алкалоид настапува во 2013, 2016, 2017 и 2018 година на Екипното Првенство на Македонија. На ЕКК за екипата на ШК Алкалоид настапува во 2016, 2017 и 2018 година.
Позначајни резултати:
- Во 1999 година е член на украинскиот младински тим кој што победил на шаховската Олимпијада во Артек, Украина
- Во 2004 година со репрезентацијата на Украина е победник на 36та шаховска Олимпијада
- Во 2007 година Елјанов победил на Б-турнирот во Вајк ан Зе, Холандија освојувајќи 9 поени од 13 партии. Со овој резултат се квалификува на А-турнирот, кој што е турнир од 20та категорија, во 2008 година каде што освојува 5 поени од 13 партии
- Во 2009 година е победник на турнирот Босна Опен, кој што се игра во Сараево освојувајќи 7 поени од 10 партии
- Во 2010 година со репрезентацијата на Украина, настапувајќи на 3та табла повторно го освојува златниот медал на шаховската Олимпијада во Русија
- Во мај 2010 година победува на турнирот во Астракхан, кој што е дел од турнирите од ФИДЕ Гран-при серијата со освоени 8 поени од 13 партии. Во август истата година победува на силниот Политикен Куп во Копенхаген.
- Во сепрември во 2010 година Елјанов има рејтинг од 2761 поен со што беше на првата позиција на украинската рејтинг листа и на шесто место во Светот.
- Во февруари 2012 година на Аерофлот Опен го дели првото место заедно со Матеуж Бартел и Коробов Антон
- Во февруари 2013 Елјанов победува на Рејкјавик Опен. Истата година во септември е победник на 14от меѓународен турнир Карпов Поиковски освојувајќи 6 поени од 9 партии. Месец дена покасно победува на уште еден силен отворен турнир Чигорин Меморијал
- Во 2014 година е победник на Б-турнирот на Гашимов Меморијал во Азербејџан
- Во 2015 година на Светскиот Куп се пласира во полуфиналето каде што губи од Карјакин Сергеј. На турниот освојува феноменални 35 рејтинг поени со што влегува во Топ 10 играчи во Светот
- Во 2016 година учествува на А-турнирот во Вајк ан Зе каде што со освоени 7 поени од 13 партии го освојува 7то место
- Во 2016, на 42nd World Chess Olympiad, со репрезентацијата на Украина освојува сребрен медал, при што игра на прва табла.
- Во 2017 на супертурнирот Tata Steel Masters 2017 – Холандија, освојува 7 место (од 14 учесници) со 7 поени од 13 партии.
- Во 2017 победува на Chess.com Isle of Man International Masters, со 7,5 поени од 9 партии.
- Делба на четврто место на силниот отворен турнир 2nd Sharjah Masters со 6,5 поени од 9 партии, во 2018
IVANCHUK VASSILY
Роден на 18 март 1969 година во Копичинци, Украина. Шаховски велемајстор од 1988 година. Единствен активен врвен шахист, денес, кој ги поврзува класичната генерација, со младите денешни шахисти од компјутерската ера, а при тоа сосема рамноправно се бори и е постојано во самиот врв. Со длабоко разбирање на шаховската игра внесува многу оригинални идеи.
Позначајни резултати:
- 1987 Европски јуниорски шампион до 20 години, на Светското Првенство дели 1-2 место, а следната 1988 станува велемајстор и влегува во светски топ 10.
- 1991 со 21 година го освојува Линарес (Шпанија) тогаш најсилниот турнир во светот, победувајќи го и светскиот шампион Гари Каспаров.
- Многу настапи и победи, 3 пати победник на супертурнирите во Линарес (Шпанија), 3 пати и на Меморијалот на Капабланка во Куба.
- Иако не станува светски шампион, играл неколку мечеви во борбата за светски шампион.
- 2002 година светски вицешампион, а 2004 година европски Шампион.
- 2007 година светски Шампион во брзопотезен шах.
- Од 1988 освоил (најпрво за тогашниот СССР, а потоа за Украина) олимписки 4 златни, 1 сребрена и 3 бронзени медали, а 2010 и златен медал за најдобар резултат на прва табела, предводејќи ја Украина до првото место.
- Последен екипен резултат: Светско Екипно Првенство, 2015 април, сребро со репрезентацијата на Украина.
- Носител е на бројни државни признанија, награди и ордени на Украина.
JAKOVENKO DMITRY
Роден е на 28 јуни 1983 година во Русија. Велемајстор станува во 2001 година. Шах научил да игра на 3 години, од својот татко, а подоцна негов тренер бил и Александар Никитин (тренер на поранешниот светски шампион Гари Каспаров). Во 2004 година дипломирал со највисоки оценки на Московскиот државен универзитет, на Факултетот за математика и кибернетика. За ШК Алкалоид настапува во 2015, 2016, 2017 и 2018 година на Екипното Првенство на Македонија, како и на ЕКК во истите години. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на петта табла.
Позначајни резултати:
- Во 2001 година победува на Светското Првенство до 18 години. Истата година победува на Сент-Висент Опен
- Во 2006 година дели прво место на Шампионатот на Русија, но во плејоф губи од Евгениј Алексеев
- Во 2007 година освојува второ место на Б-турнирот во Вајк ан Зе. Истата година завршува втор и на Аерофлот Опен
- Во 2007 година на силниот турнир Карпов Поиковски го освојува првото место
- Со репрезентацијата на Русија го освојува Европскиот Екипен Шампионат во 2007 година
- Во 2009 година Јаковенко стигнува до 5то место на светската рејтинг листа, тогаш станува играч со највисок рејтинг во Русија, поминувајќи го поранешниот светски првак Владимир Крамник
- Во 2009 година добива покана да учествува на затворениот турнир во Дортмунд каде што дели второ место заедно со Магнус Карлсен и Петер Леко
- Во 2010 година е член на репрезентацијата на Русија која победува на Светскиот Екипен Шампионат.
- Во 2012 година станува европски Шампион освојувајќи 8,5 поени од 11 партии на Европското поединечно Првенство во Пловдив, Бугарија.
- Во 2012 година повторно победува на турниот Карпов Поиковски.
- Во 2013 и 2014 година победува на Рускиот Куп победувајќи ги во финалето Владимир Федосеев и Максим Матлаков.
- Во 2014 година го освојува второто место на Шампионатот на Русија.
- Во 2015 година на затворениот турнир од ФИДЕ Гран-При серијата кој што се одржа во Батуми, Грузија го освојува второто место.
- Во 2017 година на FIDE Grand Prix Series 2017, Sharjah, UAE, освојува 4-9 место со 5 поени од 9 партии.
- Делба на прво место место на Fide Grand Prix Series 2017 , Палма де Мајорка со освоени 5,5 поени од 9 партии
- Освоено прво место на A.Karpov International Tournament 2018 , 6,5 поени од 9 партии.
KRYVORUCHKO YURIY
Роден 19 декември 1986 во Лвив, Украина. Шаховски велемајстор од 2006 година. Шах игра од 7 години, потекнува од Лвив, град со одлични шаховски школи и традиција на многу врвни шаховски имиња (V. Ivanchuk, A. Volokitin, Muzichuk Marija i Ana, како и постарите A. Mihaljchisin, O. Romanishin). Дипломира Економски науки на Универзитетот во Лвив, Украина. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува на Екипното Првенство на Македонија во континуитет од 2012 година. Во 2015, 2016, 2017 и 2018 година за Алкалоид настапува на ЕКК. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на шеста табла.
Позначајни резултати:
- 2006 година Светско-јуниорско до 20 години, 3 место.
- 2008 година Европско Првенство, дели 2 - 10 место.
- 2009 година член е на репрезентацијата на Украина која освојува бронзен медал на Европското Екипно Првенство.
- 2013 година Шампион на Украина.
- 2015 година член на репрезентацијата на Украина која освојува сребрен медал на Светското Екипно Првенство.
- Сребрен медал за втор резултат на неговата табла на Европскиот Клупски Куп 2015, како член на ШК Алкалоид
- 2016 година второ место на силниот Опен Ал Аин во Обединетите Арапски Емирати
- Во 2016, на 42nd World Chess Olympiad, со репрезентацијата на Украина освојува сребрен медал.
- Делба на четврто место на силниот отворен турнир 2nd Sharjah Masters со 6,5 поени од 9 партии, во 2018
- Четврто место на 20th Dubai Open со освоени 6,5 поени од 9 партии, во 2018.
TOMASHEVSKY EVGENY
Роден 1 јули 1987 во Саратов, Русија. Шах научил да игра на 3 години, од својот татко. Шаховски велемајстор од 2005 година. Дипломирал на Универзитетот во Саратов, социо-економски науки, а подоцна се стекнува и со научно звање Кандидат на науки.За шаховскиот клуб Алкалоид настапува во 2013 и 2015 година на Екипното првенство на Македонија и 2015 на ЕКК во Скопје.
Позначајни резултати:
- 2009 година станува (најмлад дотогаш) европски шампион.
- Февруари 2015 победува на ФИДЕ Гран при турнирот во Тбилиси, Грузија со 8/11, со рејтинг перформанс 2921.
- Како член на Руската репрезентација победник е на Светскиот екипен шампионат 2010 година.
- Шампион на Русија за 2015 година.
YU YANGYI
Роден 8 јуни 1994 година во Хуангши, Кина. Велемајстор од 2009 година, репрезентативец во екипа која последните години прикажува доминација на светскиот екипен шах. Се вбројува во најперспективните млади светски велемајстори. Во август 2018 година е 15-то рангиран играч на светската рејтинг листа. Студира спортска економија на Beijing Sports University и е најмлад играч во составот на ш.к. Алкалоид за ЕКК 2015, 2016, 2017 и 2018 година. При тоа, во 2015 и 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на својата табла.
Позначајни резултати:
- 2003 Светско јуниорско до 10 години, 2 место.
- 2004 Светско јуниорско до 10 години, дели 1 место.
- 2013 Светски јуниорски Шампион до 20 години.
- 2014 (март) Шампион на Кина.
- 2014 (април) Шампион на Азија.
- 2014 (декември) победник на Qatar Masters, каде што го победува и поранешниот Светски шампион Владимир Крамник, и еден од водечките светски играчи Аниш Гири.
- 2014 член на репрезентацијата на Кина која освојува златен медал на Олимпијадата во Тромсо, Норвешка (личен резултат 9,5 поени од 11 партии).
- 2015 член на репрезентацијата на Кина која освојува златен медал на Светското Екипно Првенство
- Златен медал за најдобар резултат на неговата табла на Европскиот Клупски Куп 2015, како член на ШК Алкалоид.
- 2015 Победува на International Capablanka Memorial Tournament, Havana – Cuba.
- 2015 година го дели првото место на Qatar Masters заедно со Светскиот првак Магнус Карлсен
- Во 2017 година на традиционалниот Aeroflot Open 2017 A – Русија, пласман на 5-9 место со освоени 6 поени од 9 партии.
- Во 2017 година на "Sichuan Airlines Cup"2017 Asian Continental Chess Championship – освојува 3-4 место со 6,5 поени од 9 партии.
- Во 2017 победува на The 1st Hainan International Chess Open Tournament – Кина со 8 поени од 9 партии.
БОГДАНОВСКИ ВЛАТКО
Роден 1964 во Битола. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје шаховски велемајстор од 1993 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1989.
Позначајни резултати:
- 1979 пионерски Првак на Македонија.
- 7 пати Шампион на Македонија: 1986, 1987, 1989, 1993, 1995, 2009, 2013.
- 7 пати член на репрезентација на Олимпијадите: 1994, 1996, 1998, 2000, 2004, 2012, 2014.
- 4 пати член на репрезентација на Европските Првенства: 1997, 1999, 2001, 2013
- Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на својата шаховска школа, поддржана од ШК Алкалоид.
- Селектор на женската репрезентација на Македонија на Олимпијадата 2016 година
ЈАЌИМОВИЌ ДРАГОЉУБ
Роден 1964 во Ќуприја, Србија. Шаховски велемајстор од 2000 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1981.
Позначајни резултати:
- 1985 дели прво место на Првенството на Македонија, а потоа ја освојува титулата Шампион на Македонија во 1996, 1998.
- Победник или делба на прво место на повеќе турнири меѓу кои во Шибеник - Хрватска, Вуковар - Хрватска, Пловдив - Бугарија, Карпош Опен – Македонија.
- Член е на македонската репрезентација на шаховските Олимпијади и Европски Екипни Шампионати од 1992 година.
- 2000 освојува златен медал за индивидуален резултат на шаховската Олимпијада во Истанбул.
- Капитен на екипата на ШК Алкалоид.
- Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на својата шаховска школа, поддржана од ШК Алкалоид.
- Селектор на машката репрезентација на Македонија од 2011 до 2015 година.
НЕДЕВ ТРАЈКО
Роден 1973 во Неготино. Шаховски велемајстор од 2001 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1988 година. Како одличен познавач на шаховската теорија и квалитетен аналитичар бил член на стручниот тим за подготовки на неколку врвни светски шахисти.
Позначајни резултати:
- 1996 освојува сребрен медал за поединечен резултат на Олимпијадата.
- Член е на македонската репрезентација на шаховските Олимпијади и Европски Екипни Шампионати од 1996 до денес.
- Победник на Бергер турнири во Неготино и Стар Дојран.
- Победник на отворени меѓународни турнири во Варна, Базел, Халзбург, Порто Карас.
- 2003 освојува сребрен медал за поединечен резултат, на Европското Екипно Првенство.
- 1997, 2000 и 2011 ја освојува Шампионската титула на Македонија.
- Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на својата шаховска школа, поддржана од ШК Алкалоид.
ПАНЧЕВСКИ ФИЛИП
Роден 1988 во Скопје. Прва норма за велемајстор освојува 2013 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1998. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје.
Позначајни резултати:
- 2003 се пласира на 13 место на Светско Првенство за јуниори до 16 години, кога ја освојува и првата норма за интернационален мајстор.
- 2004 го освојува првото место на Првенството на Скопје и делба на второто место на Првенството на Македонија.
- 2008 на меѓународен турнир во Белград ја освојува втората норма за интернационален мајстор.
- 2008 победува на Меѓународниот турнир во Параќин со што ја освојува третата норма и станува интернационален мајстор
- Член на репрезентација на шаховските Олимпијади во: 2010, 2012, 2014 и 2016.
- Член на репрезентација на Европски Првенства во: 2009, 2011, 2013.
- 2013 на турнирот во Драч го освојува второто место и првата ВМ норма.
- 2010, 2012, 2014 и 2016 ја освојува Шампионската титула на Македонија.
СТАНОЈОСКИ ЗВОНКО
Роден 1964 во Прилеп. Шаховски велемајстор од 2004 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 2002. Дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје. Позначајни резултати:
- Член на репрезентација на шаховските Олимпијади во: 1994, 1996, 1998, 2002, 2004, 2006, 2008, 2010.
- Член на репрезентација на Европски Првенства во: 1999, 2003, 2007, 2009, 2011, 2013.
- Победник на Опен “Трофеј на Белград” 2006 и 2007 година.
- Делба на прво место на Опен турнири: Скопје 1998 и 2011 година, Хастингс 2001/02, Пула 2003, Пловдив 2009, Параќин 2009, Тиват 2011 и многу втори места.
- Делба на прво место на Шампионати на Македонија: 1995, 1996, 1997, 2001 година.
- Шампион на Македонија 1992, 2003, 2005, 2006 и 2015 година.
- Победник на повеќе турнири меѓу кои: Скопје 1985, Лодз 1988, Солун 1988, Каорле 1990, Дојран 1990, 1992 и 1993, Скопје 1994, Струга 1996, 1998 Нови Сад, Солун 2001, Бијелина 2002.
- Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на својата шаховска школа, поддржана од ШК Алкалоид.
СТОЈАНОВСКИ ДЕЈАН
Роден 1984 во Скопје. Шаховски интернационален мајстор од 2002 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1998 година. Дипломира на Земјоделскиот факултет во Скопје.
Позначајни резултати:
- 1998 делба на 3 место на Светско jуниорско Првенство.
- 1999 Светски јуниорски Шампион во брзопотезен шах.
- 2001 и 2002 настапува за македонската репрезентација.
- Победник на повеќе турнири меѓу кои Блед 2002, Нови Сад 2005, Дубровник 2008.
- 2011 победува на Првенството на Македонија во забрзан шах.
- Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на својата шаховска школа, поддржана од ШК Алкалоид.