Дербито во петтото коло заврши нерешено


ШК Алкалоид во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2018 за противник ја имаше екипата на Обиетиво Падова од Италија. Во неизвесен меч со многу пресврти ШК Алкалоид одигра реми против шесто рангираната екипа на првенството.

По дваесет минутна игра својата партија ја заврши Адреикин Дмитри, ремизирајќи со црни фигури против силниот шпански велемајстор Ваљехо Понс. Се играше Берлинска одбрана, каде што белиот не покажа амбиции да оди на победа и партијата заврши реми со повторување на потезите.

На првата табла, нашиот најдобар играч Динг Лирен без проблеми успеа да ја изедначи позицијата. Со прецизна игра во отворањето не му дозволи на својот противник да создаде предност и да проба да игра на победа.

Првиот поен за ШК Алкалоид го освои Криворучко Јуриј, кој со бели фигури ја искористи непрецизната игра во завршницата на италијанскиот велемајстор Брунело Сабино. Покажувајќи одлична техника победи и го донесе Алкалоид во водство 2:1.

После Јуриј партијата ја заврши вториот руски велемајстор во екипата на Алкалоид Јаковенко Дмитри. По лошата игра во отворањето и неколкуте превиди, Дмитри влезе во тешка позиција. Вложувајќи се максимално со упорна одбрана успеа да ја искористи непрецизната реализација од страна на неговиот противник и ја поедностави позицијата по што играчите се согласија на реми.

Единствениот пораз во мечот за Алкалоид го забележа Павел Елјанов, кој во еднаква позиција направи груба грешка превидувајќи пешак и му овозможи на својот противник да се бори за победа. Во продолжение на партијата неговиот противник италијанскиот велемајстор Вокатурно Далиеле играше одлично и не дозволи никакво изненадување.

Последен својата партија ја заврши вториот кинески велемајстор во екипата на Алкалоид Јангји кој, во партијата со најмногу пресврти и шанси, неколкупати испушти солидна предност. По пет часовна борба двајцата силни велемајстори се согласија на реми.

Во шестото коло ШК Алкалоид за противник ќе ја има екипата Валеренга од Норвешка каде што на првата табла игра Светскиот првак Магнус Карлсен.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња