Дмитри Андреикин е новиот европски шампион во брз шах

Долгогодишниот член на шаховскиот клуб Алкалоид, рускиот велемајстор Дмитри Андреикин е победник на Eвропското Првенство во блиц/ брзопотезен шах за 2016 година, што се одржа 17-18 Декември во Талин, Естонија.

До шампионската титула Андреикин стигна освојувајќи 22 поени од 26 партии, со 18 победи и 8 реми партии без ниеден пораз! Овој резултат на рускиот велемајстор му донесе и нови 96 рејтинг поени. Второто место му припадна на поранешниот член на ШК Алкалоид велемајсторот Мамедов Рауф од Азербејџан кој освои 20.5 поени. На Европското првенство настапија 474 шахисти од кои 71 велемајстори и 50 интернационални мајстори.