Матеј Звездакоски

Државни натпревари во шах за основни и средни училишта


Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, на 18 декември, во Охрид се одржаа Државните натпревари во шах за основни и средни училишта.  Учествуваа поголем број ученици, членови на јуниорските шаховски школи на ШК Алкалоид.

Постигнаа одлични резултати, од кои посебно ги истакнуваме: Матеј Звездакоски (10 години) во категорија на ученици за основни училишта го освои  првото место; а третото место со 4.5 поени го поделија Цапески Иван и Јорданов Михаил. На турнирот учествуваа 38 ученици. Во категорија  на ученички од основни училишта Анѓелкоска Јана (12 години) го подели првото место со Манова Ивана. Двете освоија по 4.5 поени.

Во конкуренција на ученици од средните училишта повторно првите места ги освоија шахистите на ШК Алкалоид. Во машка категорија со 5.5 поени победи Тони Лазов (15 години), додека Константинов Александар заврши на трето место со 4.5. Во женска категорија шахистките на Алкалоид ги освоија првите три места. Лакинска Симона беше победник со освоени 5.5 поени,  Петрова Ана со 3.5 беше втора. Со 3 поени третото место го освои Ѓорѓиевска Андријана.