Европски јуниорски шампионат во Рапид и Блиц шах за 2017 година


Европските јуниорски Шампионати во Блиц и Рапид шах за 2017 година се одржа во Будва, Црна Гора во периодот од 19-23 јуни 2017 година, со учество на пет јуниори од шаховскиот клуб Алкалоид.

Шампионатот во Рапид шах (15 минути за партија плус 10 секунди додаток после секој одигран потег), се играше во категории 08, 10, 12, 14, 16 и 18 години. Во категорија момчиња до 18 години, ФИДЕ мајсторот Тони Лазов кој што освои 5 поени од 9 партии и се пласираше на 9то место, додека Филип Михов со освоени 4 поени од 9 партии се пласираше на 14то место.

Во категорија момчиња до 14 години настапи Михаил Јорданов кој турнирот го заврши на 20то место со освоени 4,5 поени од 9 партии.

Во категорија момчиња до 12 години настапи Матеј Звездакоски кој освои 4 поени од 9 партии и се пласираше на 21то место.

Најмладиот претставник на ШК Алкалоид, Ѓорѓи Цветковски играше во категорија до 10 години и освои 4 поени од 9 партии со што се пласираше на 24то место.


Европскиот Шампионат во Блиц шах (3 минути за партија плус 2 секунди додаток после секој одигран потег), се играше во категории до 10, 14 и 18 години. Најуспешен од јуниорите на ШК Алкалоид и во брзопотезен шах беше ФИДЕ мајсторот Тони Лазов, кој во категоријата јуниори до 18 години го освои високото 6-то место од 41 учесник со освоени 6 поени од 9 партии. Тој во последното коло загуби од фаворизираниот ФИДЕ мајстор Месарош Флоријан. Со евентуална победа членот на ШК Алкалоид ќе беше Европски шампион. Вториот наш претставник во оваа категорија, Михов Филип освои 3,5 поени.

Во категоријата момчиња до 14 години настапија Звездакоски Матеј кој освои 4,5 поени и Јорданов Михаил кој освои 3,5 поени.

Во категоријата момчиња до 10 години настапи Цветковски Ѓорѓи кој освои 4,5 поени од 9 партии.