Европско младинско првенство во Блиц и Рапид шах за 2016 година

      Европското младинско првенство во Блиц и Рапид шах во поединечна и екипна конкуренција се одржа во Нови Сад Србија во периодот од 26-29 декември 2016 година. Македонија ја претставуваа 5 учесници, сите членови на ШК Алкалоид.

На турнирот во Блиц шах во конкуренција момчиња до 18 години настапија ФИДЕ мајсторот Тони Лазов кој што освои 5 поени од 9 партии и се пласираше на 15то место; Филип Михов кој имаше силен сопствен турнир и се пласираше на 20то место притоа освојувајќи 47 рејтинг поени; ФИДЕ мајсторот Александар Константинов освои 4 поени и со тоа го подобри својот рејтинг за 8 рејтинг поени. Во конкуренција момчиња до 10 години настапи Цветковски Ѓорѓи кој освои 3 поени.

Во конкуренција девојки до 18 години настапи македонската репрезентативка и член на ШК Алкалоид Лакинска Симона која освои 3 поени од 9 партии.

На турнирот во Рапид шах македонските претставници имаа подобар учинок. Во конкуренција момчиња до 18 години Константинов Александар  го освои 8то место и освои 24 рејтинг поени. Во конкуренција момчиња до 16 години настапија ФИДЕ мајсторот Тони Лазов кој освои 4 поени и Филип Михов кој освои 3 поени. Во конкуренција момчиња до 8 години настапи Ѓорѓи Цветковски кој освои 4 поени од 9 партии. Во конкуренција девојки до 18 години нашата единствена претставничка Симона Лакинска исто така освои 4 поени од 9 партии.

На екипниот турнир македонските претставници настапувајќи за екипата Алкалоид Скопје остварија 3 победи, еден нерешен меч и 3 порази, така што со 7 меч бодови се пласираа од 7-10 место, односно се пласираа согласно почетното рангирање по просечен рејтинг. Посебно за одбележување е одличниот резултат на Филип Михов кој, играјќи на третата табла, освои 6 од 7 поени.

 

Краток осврт на настапот даде и тренерот велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ кој ја водеше екипата:

“Нашите претставници на Eвропското првенство во блиц и рапид темпо, одиграа подобро, од тоа што го покажува конечниот пласман. Имено Лазов, покрај добрата игра, имаше проблеми со контрола на времето и поради тоа загуби позиции каде што беше подобар. Константинов, одигра променливо, во некои партии одигра одлично, но во некои правеше почетнички пропусти така да сето тоа влијаеше на комплетната слика на неговата игра. Михов, борбен, настојчив и со одличен резултат, особено во екипниот дел на натпреварот. Лакинска помалку импресионирана, во одредени моменти делуваше одлично, но генерално не се снајде особено на рапид турнирот.

Во екипниот дел навистина несреќно загубивме два меча, а без тоа впечаток ќе беше далеку подобар. Инаку, сепак верувам, дека на овој натпревар следната година ќе имаме добри шанси за висок пласман.“