Панчевски победник на Божиќниот викенд турнир КАРПОШ 2016
Интернационалниот мајстор Филип Панчевски победи на првиот шаховски турнир одржан во Македонија во 2016 година, на 17 Јануари „ Божиќниот викенд турнир КАРПОШ 2016“, во забрзано темпо на игра. Првото место го освои убедливо со 8 поени од девет партии, со остварени осум победи и еден пораз, потврдувајќи ја својата доминација во државата во брзите темпа на шаховската игра.
Во првите петмина пласирани се најдоа уште двајца наши членови и тоа на делба од второ до четврто место интернационален мајстор Дејан Стојановски со освоени 7 поени заедно со српскиот интернационален мајстор Зоран Новоселски и македонскиот ФИДЕ мајстор Дејан Динев, а на делба на петтото место велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ со освоени 6.5 поени.
На турнирот, кој стана традиционален, учествуваа вкупно 120 шахисти од четири држави.