Петтото коло ја прекина серијата победи на ШК „Алкалоид“
Последните секунди од петтото коло беа пресудни ШК „Алкалоид“ да ја прекине низата од четири последователни победи. Во рамки на ова коло на Европскиот клупски куп, Алкалоидовци добија уште еден аспирант за прво место, тимот на „Обиетиво Ризарчименто Падова“.
Повторно еден крајно изедначен меч, во кој Томашевски на втората и Ју на шестата табла со бели фигури беа во офанзива, а на критичната трета табла Јаковенко одлично парираше со црни фигури против вториот играч на светот Накамура.
Андреикин и Криворучко играа изедначени позиции, но оптимизмот растеше бидејки Иванчук на првата табла постепено го надигруваше најдобриот Унгарски играч Петар Леко. По ремито на Накамура мечот наклонуваше сé повеке на страната на „Алкалоид“, затоа што Италијанците веќе беа во исчекување на нерешен резултат, односно спас на првата табла. Во завршните секунди на таа партија Иванчук со груб превид практично му подари поен на противникот и со голема помош на спортската среќа, „Падова“ стигна до победа 3.5-2.5.(со пет реми и еден пораз).
Во второто дерби на вечерта „Сибир“ го совлада „Сокар“ 3.5-2.5 и сега Русите водат сами со 10 бодови пред група на екипи со 8 бодови меѓу кои се наоѓа и ШК „Алкалоид“.
До крајот турнирот преостануваат уште две кола.