Шаховскиот клуб “АЛКАЛОИД” ја одбрани шампионската титула


Екипата на шаховскиот клуб „Алкалоид“ ја освои јубилејната 20-та шампионска титула на Екипниот Шампионат на Македонија за 2017, од вкупно 26 организирани шампионати (од осамостојувањето на нашата држава). Со пет победи и освоени максимални 10 бода Алкалоид  убедливо ја освои шестата едноподруго титула!

За екипата на Алкалоид настапија домашните играчи Филип Панчевски, Трајче Недев, Звонко Станојоски, Дејан Стојановски, Драгољуб Јаќимовиќ и Влатко Богдановски. Во составот, покрај најдобрите македонски шахисти настапија и четворица Велемајстори од светскиот врв, членови и на минатогодишниот шампионски тим: Pavel Elyanov (Украина), Dmitry Andreikin (Русија), Dmitry Jakovenko (Русија) и Yuriy Kryvoruchko (Украина).  Се очекува на Европскиот Клупски Куп во борбата за одбрана на шампионската титула Алкалоид да настапи засилен со уште двајца силни Велемајстори.

Конечен пласман


Екипа

1

2

3

4

5

6

Бодови

Поени

1

Алкалоид, Скопје

*

4½

5

6

6

10

27,0

2

Гамбит Асеко СЕЕ, Скопје

*

5

4

5

8

21,0

3

Гостивар, Гостивар

1

1

*

4

4

6

14,5

4

Прилеп, Прилеп

0

2

2

*

3

3

11,5

5

Карпош, Скопје

0

½

3

*

4

3

9,0

6

4-ти Ноември, Битола

½

1

2

2

*

0

7,0


Дербито на шампионатот се одигра во третото коло. Против главниот конкурент, екипата на Гамбит Асеко СЕЕ, Алкалоид настапи во својот најсилен состав играјќи со тројца странски играчи. Дуелот заврши со висока победа на Алкалоид од 4,5:1,5. Во четвртото коло ШК Алкалоид се соочи со екипата на Гостивар и по убедливата победа од  5:1 ја обезбеди шампионската титула.

За Алкалоид овој шампионат претставуваше можност за уигрување на составот и подобрување на атмосферата во екипата, но и како продолжување на анализи и подготовки за главниот овогодишен екипен турнир ЕКК (Европскиот Клупски Куп) кој оваа година ќе се одржи во Анталија (Турција) во периодот 07-15.10.2017.  На ЕКК учествуваат најсилните европски клубови, а амбициите на ШК Алкалоид и оваа година се високи -  освојување медал, односно пласман меѓу првите три екипи.