Шаховскиот клуб “АЛКАЛОИД” ја одбрани шампионската титула

На јубилејниот 25-ти Екипен Шампионат на Македонија, екипата на шаховскиот клуб „Алкалоид“ ја одбрани шампионската титула и повторно убедливо и сигурно го освои првото место. Ова е петта едноподруга титула, односно 19-та шампионска титула во 25-те настапи !! Алкалоид ги победи сите свои противници и освои максимални 10 бодови во петте мечеви, при што го изедначи минатогодишниот рекорд со просечни 5,5 освоени поени во секој меч - оставајќи им притоа на своите противници по едно реми во секој меч.

Екипата на Алкалоид настапи покрај домашните играчи Филип Панчевски, Трајче Недев, Звонко Станојоски, Дејан Стојановски, Драгољуб Јаќимовиќ и Влатко Богдановски, засилена со елитните светски велемајстори Павел Елјанов (УКР),  Дмитри Андреикин (РУС), Дмитри Јаковенко (РУС) и Јуриј Криворучко (УКР). Единствена промена во екипата од минатата година е Павел Елјанов кој беше во составот на Алкалоид во 2013 година. Планирано е на Европскиот Клупски Куп во борбата за еден од медалите Алкалоид да настапи засилен со уште двајца силни велемајстори.

Пласман

Екипа

1

2

3

4

5

6

Бодови

Поени

1

Алкалоид, Скопје

*

10

27,5

2

Гамбит Асеко СЕЕ, Скопје

½

*

5

5

8

18,5

3

Гостивар, Гостивар

½

*

4

5

5

6

17,0

4

Прилеп, Прилеп

½

2

*

3

3

10,5

5

Карпош, Скопје

½

1

1

3

*

5

3

10,5

6

4-ти Ноември, Битола

½

1

1

1

*

0

6,0

Ждрепката одлучи да дербито биде уште во првото коло, односно уште во првото коло настапивме против главниот конкурент Гамбит Асеко – Скопје (а веќе во второто коло против вториот конкурент Гостивар – Гостивар). Во дерби мечевите екипата на Алкалоид настапи во својот најсилен состав, играјќи со тројца странски играчи. Со убедливите победи од 5,5:0,5 во првите две кола практично шампионатот беше решен. Во преостанатите три кола екипата на Алкалоид не дозволи никакво изненадување и со сигурни победи (5,5:0,5) го освои првото место. За одбележување е дека оваа година играчите на Алкалоид не загубија ниту една поединечна партија.

За Алкалоид овој Шампионат претставуваше можност за уигрување на составот и подобрување на атмосферата во екипата, но и како прв чекор, односно анализа и продолжување на подготовките за главниот овогодишен екипен турнир т.е. настапот на Европскиот Клупски Куп кој оваа година ќе се одржи во Нови Сад во периодот 06-12.11.2016 и на кој ќе земат учество најсилните европски клубови.