ШК Алкалоид е најуспешна екипа во Скопје за 2016

Советот на град Скопје и оваа година додели Признание за најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на град Скопје за 2016 година. Во категоријата за најуспешна спортска екипа првото место го освои екипата на ШК Алкалоид. Ова престижно признание македонската екипа го доби за постигнатиот историски успех, освоеното прво место на  Европскиот Клупски Куп 2016 година во Нови Сад, Србија. Во категоријата најуспешен спортист на град Скопје второто место го освои членот на шампионската екипа на ШК Алкалоид, а воедно Шампион на Македонија за 2016 година, интернационалниот мајстор Филип Панчевски.


Признание за европската шампионска титула ШК Алкалоид доби и од Сојузот на спортови на град Скопје, каде што екипата на Алкалоид исто така се закити со звањето (титулата) најуспешна екипа во град Скопје за 2016 година.