ШК Алкалоид го подели третото место на ЕКК 2018!


Со убедливата победа во последното коло од Европскиот Клупски Куп 2018 екипата на Алкалоид го подели третото место во конкуренција од 61 екипи.

Во седмото коло прв до победата стигна Динг Лирен кој во сложена позиција го надригра украинскиот велемајстор Ефименко Захар. Со оваа победа Лирен освои уште еден поединечен златен медал, повторно играјќи на првата табла како за репрезентацијата на Кина, со резултат 4,5 поени од шест партии.


На втората табла Јангји превзема голем ризик и за тоа беше награден со цел поен победувајќи го силниот израелски велемајстор Постњи Евгениј. Со таа победа Јангји освои вкупно пет поени од седум партии, а тоа му го донесе третион најдобар перформанс на втората табла.


На третата табла по долга борба Адреикин најпрво успеа да освои централен пешак но во топовската завршница и покрај големите напори не успеа да победи, па партијата заврши со реми.

На четвртата табла Јаковенко, исто како и на ЕКК 2015 во Скопје, играше со црни фигури против искусниот израелски велемајстор Хузман Александар. Партијата почна без поголеми турбуленции, бидејќи двајцата противници не сакаа да ризикуваат премногу и играа солидно. Во средишницата белиот направи грешка во пресметувањето на варијантите по што Дмитри се здоби со јасна предност. Силниот руски велемајстор не му даде никаква шанса на противникот да се спаси па по четири часовна борба победи и со тоа ја потврди победата во мечот. Со петипол поени од седум партии, го освои сребрениот медал на четвртата табла.


На петтата табла Елјанов водејќи ги белите фигури одигра Англиска партија, но не се здоби со предност од отворањето. Во еднаква позиција во средишницата водеше маневарска борба надевајќи се дека ќе го надигра својот противник. Во тоа не успеа и партијата заврши реми со трикратно повторување на потезите.

На шестата табла Криворучко Јуриј играше Каталонско отворање со црни фугири против солидниот израелски велемајстор Гринфелд Алон. Иако Јуриј со сите сили пробуваше да дојде до целиот поен сепак партијата заврши реми во 38-от потег.

Мечот заврши со висока победа на Алкалоид 4,5:1,5 . Со овој резултат ШК Алкалоид освои 11 бодови (еден помалку од овогодинешниот шампион Медњи Всадник) и го подели третото место, шесто според дополнителни критериуми.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња