ШК „Алкалоид“ изби сам на врвот со максимални 10 бода

Во петтото коло Екипата на ШК Алкалоид оствари минимална но, многу важна победа против „Mednyi Vsadnik”. Со тој резултат на две кола пред крајот се наоѓа сам на врвот со еден бод повеќе од второпласираната екипа на „Sibir“.Општата оценка на позициите варираше од малку подобра за Алкалоид кон малку послаба и обратно.

Во петтото коло Екипата на ШК Алкалоид оствари минимална но, многу важна победа против „Mednyi Vsadnik”. Со тој резултат на две кола пред крајот се наоѓа сам на врвот со еден бод повеќе од второпласираната екипа на „Sibir“.Општата оценка на позициите варираше од малку подобра за Алкалоид кон малку послаба и обратно.

Во овој тензичен меч прв заврши Јаковенко кој со црни фигури без поголеми проблеми во Каталонското отворање успеа да изедначи позицијата. Набрзо потоа противниците се согласија на реми.

Елјанов Павел ги водеше белите фигури на третата табла. По отворањето се здоби со минимална предност, сепак неговиот противник играше прецизно и во 34-от потег партијата заврши реми.

Првиот чекор кон решавање на мечот го донесе Андреикин кој како црни во комплицирана позиција од Шкотска партија успеа да го надигра својот противник. Стекнатата позициона предност ефектно ја реализираше со убава комбинација во 40-от потег. Со оваа победа Алкалоид поведе во мечот со 2:1.

За да не биде се така лесно се погрижи повеќе кратниот шампион на Русија Петар Свидлер кој на првата табла со црни фигури го совлада велемајсторот Динг Лирен. Најдобриот кинески играч, во средишницата жртвуваше пешак за иницијатива но, во подоцнежниот дел од партијата не одигра најпрецизно по што предноста премина на страната на црниот. Силниот руски велемајстор не дозволи изненадување по што мечот беше изедначен 2:2.

Сепак во тој момент психолошката предност беше на страната на Алкалоид затоа што Криворучко имаше јасна предност, а Ју Јангји подобра позиција. По одиграното Англиско отворање украинскиот велемајстор успеа да го принуди белиот да жртвува квалитет и се здоби со јасна предност. Во продолжение противникот наоѓаше едиствени потези со што ја намали предноста на црниот. Исходот на партијата беше решен во завршницата каде што применувајќи совршена техника и прецизно пресметување на можните варијанти Криворучко донесе предност на Алкалоид од 3:2.

Победата ја завери нашиот најуспешен играч велемајсторот Ју Јангји кој во текот на партијата освои пешак. Таа предност се покажа недоволна за победа во партијата но, сосема доволна за многу важни 3.5 поени и победа во мечот.

Екипата на „Sibir“ ја одработи својата задача минимално победувајќи го „Ashdod“. Утре во шестото коло е решавачкото дерби за првото место помеѓу „Sibir“ и „Алкалоид“.