ШК „Алкалоид‘‘ стартуваше со две победи на Европскиот Клупски Куп 2018


На Европскиот Клупски Куп 2018, кој што се одржува во Порто Каррас Грција, екипата на „Алкалоид‘‘ во првото коло за противник го имаше тимот MuCounsult Apeldoorn од Холандија. Во овој дуел „Алкалоидовци‘‘ влегоа како апсолутни фаворити и успеаа да ја оправадаат таа улога победувајќи го мечот со 6:0.

На првата табла Ју Јангји водејќи ги белите фигури во Каталонско отворање позиционо го надигра својот противник, по што се здоби со супериорна позиција и без многу напор го освои целиот поен.

На втората табла, играјќи оригинално рускиот велемајстор Дмитри Адреикин го надмудри својот помлад противник. Во Пирчева одбрана со црни фигури успеваше да ја одржува напнатоста и го принуди својот противник да влезе во цајтнот каде што белиот ги направи решавачките грешки. 

На петтата табла велемајсторот Трајко Недев после отворањето се здоби со јасна предност, а набрзо по тоа и со фигура повеќе која успеа да ја реализира без никакви потешкотии.

Филип Панчевски играјќи со црните фигури на шестата табла, најпрво ја изедначи позицијата. Во маневарска борба го надигра својот противник и се здоби со предност во заврсшницата, која што ја претвори во цел поен.


Во второто коло ШК Алкалоид се сретна со младата екипа Rehovot Chess School од Израел. Мечот заврши со 5,5 : 0,5 за македонската екипа.

За прв пат на Европскиот Клупски Куп 2018 на првата табла заигра најдобриот кинески играч и четврти играч во свет, Динг Лирен кој водејќи ги црните фигури се здоби со попријатна позиција и голема временска предност. Долго време белиот успеваше да наоѓа начини да ги неутрализира опасностите, но по долга борба, сепак, олимпискиот шампион успеа да го скрши отпорот на својот помлад противник.

На втората табла Ју Јангји без поголеми проблеми успеа да ја добие партијата. Во отворањето Шпанска партија ја искористи непрецизноста на противникот и се здоби со јасна предност која набрзо ја реализираше.

На третата, односно четвртата табла руските велемајстори кои четврта година по ред настапуваат за ШК Алкалоид, Дмитри Адреикин и Дмитри Јаковенко ја покажаа својата класа и искуство победувајќи ги своите помлади колеги во завршници.

Единствен кој што ремизира беше украинскиот велемајстор Елјанов Павел, кој што неуспеа да освои цел поен против младиот и талентиран израелски шахист.

На шестата табла Криворучко водејќи ги белите фигури, се здоби со предност од отворањето која што не ја испушти до крајот на партијата.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња