Велемајсторот Ернесто Инаркиев е нов европски шампион!

На овогодинешното 17-то Европско поединечно првенство во шах, шампионската титула убедливо ја освои рускиот велемајстор и поранешен член на шаховскиот клуб Алкалоид Ернесто Инаркиев. До победничкиот трофеј Инаркиев стигна освојувајќи 9 поени од 11 партии (во првите 9 кола постигна 7 победи и 2 реми), од кои 7 победи и 4 реми парии, без ниту еден пораз и во конкуренција на 245 шахисти. Резултатот му донесе и нови 26 рејтинг поени, со што дојде до највисокиот рејтинг во кариерата од 2728 рејтинг поени.

Инаркиев важи за играч кој е експерт за опен турнири и се вбројува меѓу фаворитите на кој било опен во светот. Меѓу позначајните успеси на Инаркиев се вбројуваат јуниорски шампион до 20 години 2002, трето место на шампионат на Русија 2006, првото место на “Опен Баку” во 2014 година, првото место на еден од најсилните отворени турнири во светот “Опен Москва” во 2015, делба на трето место на силниот велемајсторски турнир “Анатолиј Карпов”.

Во 2008 година Ернесто Инаркиев настапуваше за шаховскиот клуб Алкалоид на Екипниот шампионат на Македонија и на Европскиот клупски куп каде што со фантастични 5,5 поени од 6 партии и освои златен медал на третата табла.