Европски Клупски Куп


Велемајсторот Влатко Богданвоски е победник на Отвореното првенство на Скопје во забрзан шах, кое се одржа на 13. 12. 2015. На турнирот учествуваа вкупно 101 од најсилните шахисти од повеќе градови од Македонија. По одиграни 9 кола, Богдановски освои 7.5 поени, без пораз остварувајќи 6 победи и 3 нерешни (против своите клупски колеги ВМ Звонко Стојаноски, ИМ Дејан Стојановски и ВМ Трајко Недев). Во конечниот пласман ист број поени освои и ВМ Трајко Недев, но според дополнителните критериуми го освои второто место. На делба на трето до петто место со 7 поени од 9 партии, се пласираа уште двајца шахисти на ШК Алкалоид, ИМ Дејан Стојановски (кој не сакаше да ризикува последното коло) и јуниорот Тони Лазов (кој штo освои нови 24 рејтинг поени).