Државни првенства во шах за момчиња и девојчиња за 2020 година
Во периодот од 25-29.08.2020 во хотел Метропол во Охрид се одржаа државните првенства во шах за момчиња и девојчиња во категории до 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години. Турнирите се одржаа под посебни услови на Ковид протокол, одобрен од Министерството за здравство. ШК Алкалоид, поради специфичните околности, беше претставуван од 17 јуниори членови на јуниорските школи на клубот, значително помалку споредено со претходните години. Сепак, нивното учество ја потврди заинтересираноста и желбата за игра кај најмладите шахисти. На првенствата во сите 12 категории настапија вкупно 63 учесници.
По завршените првенства ШК Алкалоид е клупски најуспешен, со 5 победнички трофеи, 2 сребрени и еден бронзен медал.- Првенство задевојчиња до 10 години Ивана Велкоска 1 место (6 поени од 6 партии)
- Првенство за девојчиња до 12 години, Јована Давиткова 1 место (6 поени од 6 партии)
- Првенство за девојчиња до 14 години, немавме претставничка
- Првенство за девојчиња до 16 години, немаше пријавени , не се одржа турнир
- Првенство за девојчиња до 18 години Јана Анѓелкоска 1 место, Ефтовска Леа 2 место.
- Првенство за момчиња до 08 години (само 1 претставник од ШК Алкалоид)
- Првенство за момчиња до 10 години Иванов Андреј 1 место (6 поени од 6 партии)
- Првенство за момчиња до 12 годни Цветковски Ѓорѓи 2 место (7 поени од 9 партии), Николовски Кирил 4 место.
- Првенство за момчиња до 14 години Фармакоски Георг 3 место, Велкоски Иван 4 место
- Првенство за момчиња до 16 години (во оваа категорија двајца наши најдобри јуниори не учествуваа; Велкоски Стојан 4 место).
- Првенство за момчиња до 18 години Ефтовски Матео 1 место, Велкоски Кристијан 2 место, Мифтари Хедон 4 место.
Одличните резултати, кои доколку имавме учесници во сите категории можеа да бидат и подобри, се должат на континуираната работа на самите јуниори. Сепак, посебно признание за нашите тренери (Трајко Недев, Влатко Богдановски, Драгољуб Јаќимовиќ, Дејан Стојановски, Звонко Стојаноски, Габриела Коскоска и Роландо Кутиров) кои работат, ги надградуваат и усовршуваат нашите јуниори. Но, притоа секогаш имаме предвид дека се работи за најмлади категории, каде не ретко се случуваат превиди, скокови во форма ..., што може значајно да влијае и на пласман и на резултати.
Во услови на глобална пандемија и неможност школите да работат со физичко присуство на шахистите, ШК Алкалоид своите активности ги организира на далечина (remote online). За оваа цел тренерите наизменично двапати во неделата одржуваат online часови по заеднички подготвена програма, додека во секоја сабота во контиуитет се организираат online турнири за одржување на играчката форма.