Екипни младински првенства на Северна Македонија за 2019 година

Во организација на Шаховската Федерација и техничка организација на ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, во Скопје, на 28 и 29 септември се одржаа државните екипни натпревари за јуниори по категории.

ШК Алкалоид е најтрофеен клуб на Првенството! Најдобрите јуниори од сите шаховски школи на ШК АЛКАЛОИД, распоредени во екипите по категории, постигнаа одлични резултати: Прво место до 10, 12, 16 и до 18 години и Второ место до 14 години.

Во категоријата до 8 години ШК Алкалоид немаше свој претставник, а победи екипата на Гамбит АСЕЕКО СЕЕ.

Во категоријата до 10 години ШК Алкалоид го освои првото место, освојувајќи 5 меч бодови, исто колку и ШК Гамбит Асеко СЕЕ, а со поради подобар втор критериум јуниорите на Алкалоид го подигнаа победничкиот пехар.



Во категоријата до 12 години екипата на Алкалоид убедливо, со максимални 3 победи и 6 меч бодови, победувајќи ја во директниот дуел екипата на ШК Гамбит Асеко СЕЕ, се искачи на победничкиот пиедестал.



Најголема борба се водеше во категоријата до 14 години, каде што настапија 6 екипи. Првото место и припадна на екипата на ШК Ласкер од Охрид, која освои максимални 10 меч бодови, додека екипата на ШК Алкалоид го освои второто место.



Во конкуренција до 16 години учествуваа три екипи. Првото место и припадна на екипата на ШК Алкалоид која освои 3 бода исто колку и „Гамбит”, и поради подобар втор критериум „Алкалоидовци” се закитија со златниот медал.



Во највозрасната категорија до 18 години ШК Алкалоид го освои првото место убедливо со максимален број на победи 3 и 6 меч бодови.



На екипните првенства учествуваа шест клубови од Скопје, Охрид, Прилеп и Куманово кои имаа свои тимови во сите старосни категории. Вкупно во сите категории настапија преку 100 јуниори од целата држава.

Беше комплексно да се организира, со оглед на обемноста на целиот настан од стручен, технички и логистички аспект, во дефинирањето на составите и во организирање на нашето учество беа вклучени сите тренери. И со овој турнир се потврди дека вреди да се вложува долгорочно во јуниорскиот сегмент и тоа е база за која ШК Алкалоид се определува како долгорочна стратегија.