ЕКИПНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЛАДИ ДО 16 ГОДИНИ ЗА 2018


Јуниорската екипа на „ШК Алкалоид 1“ е победник на Екипното Првенство на Македонија за млади до 16 години, за 2018 година. На турнирот учествуваа 8 екипи, при што секоја екипа беше составена од четири играчи од кои задолжително едно девојче. Натпреварите се одиграа на 17 и 18 Октомври и 01 и 02 Декември, во Скопје.

Јуниорска екипа на „ШК Алкалоид 1“ го освои првото место со освоени 13 бода, од можни 14. Младите шахисти остварија 6 победи и еден нерешен меч, и вкупно 25 од можни 28 поени.


Во последното коло се одигра дербито на Првенството помеѓу екипите на  „Алкалоид 1“, кој до тогаш имаше максимални 12 бода, и главниот конкурент „Гамбит – Ассеко СЕЕ 1“, кој во тој момент имаше 11 бодови. По  голема борба  мечот заврши 2:2 со што Алкалоид 1 остана сам на врвот на табелата со вкупно 13 бода, додека второто место и припадна на екипата на „Гамбит Ассеко СЕЕ 1‘‘ со 12 бода. За екипата Алкалоид 1 настапија: Кристијан Велковски (6 поени од 7 партии), Матеј Звездаковски (5 поени од 4 партии), Миле Костески (3 поени од 4 партии), Матео Ефтовски (5 поени од 5 партии) и Јана Анѓелкоска 7 поени од 7 партии).

Третото место и припадна на екипата на „ШК Алкалоид 2“ кој во шестото коло одигра нерешено со младинската екипа на „ШК Гамбит Ассеко СЕЕ 1“, а единствениот пораз го доживеа од клупските колеги – екипата на „ШК Алкалоид 1“. За „ШКАлкалоид 2“ настапија: Хедон Мифтари (1,5 поени од 4 партии), Адмирим Исмаили (6 поени од 7 партии), Леа Ефтовска (6 поени од 7 партии), Иван Цапески (5 поени од 6 партии) и Георг Фармакоски (4 поени од 4 партии).

Третиот претставник на клубот екипата „ШК Алкалоид 3”, составена од најмладите членови на нашите шаховски школи освои 4 бодови. За „ШК Алкалоид 3” настапија: Петровиќ Лазар, Галески Гошо, Цветковски Ѓорѓи, Николовски Кирил, Ќосев Стефан и Недева Мирјана.

Пласман со партии

Рк. Екипа 1 2 3 4 5 6 7 8 ТБ1 ТБ2 ТБ3 ТБ4
1 АЛКАЛОИД 1, Скопје * 2 3 4 4 4 4 4 13 25 0 2320
2 ГАМБИТ АССЕКО-СЕЕ 1, Скопје 2 * 2 4 4 3 12 22 0 2059
3 АЛКАЛОИД 2, Скопје 1 2 * 4 4 4 4 11 23 0 2082
4 ДКЦ КАРПОШ, Скопје 0 ½ ½ * 2 3 2 2 6 10 0 963
5 ЛАСКЕР, Охрид 0 ½ 0 2 * 1 5 8,5 0 785
6 ЈАХЈА КЕМАЛ ЈУНИОР, Скопје 0 0 0 1 * 3 4 9 0 828
7 АЛКАЛОИД 3, Скопје 0 0 0 1 3 1 * 3 4 8 0 750
8 ГАМБИТ АССЕКО-СЕЕ 2, Скопје 0 1 0 2 ½ 1 * 1 6 0 541