Екипно Првенство на С. Македонија во шах за жени за 2020 година

Во периодот од 09-12 октомври 2020 година, во “Хотел Скардус” во Тетово, Попова Шапка, се одржа Екипно Првенство на Северна Македонија за жени за 2020 година со учестуво на девет екипи составени од по четири шахистки (две табли со две резерви).

Согласно Правилникот екипите беа поделени во две групи, двете првопласирани екипи од едната и другата група разигруваа меѓусебно за шампионскиот трофеј. ШК Алкалоид го освои првото место во Б групата освојувајќи 6 од можни 8 меч бодови (без пораз) пред МШК Центар и ГШК Куманово. Во финалната група, покрај ШК Алкалоид и МШК Центар, се пласираа двете првопласирани екипи од групата А, ШК Гамбит Асеко Сее и ШК Прилеп.  По голема борба ШК Алкалоид одигра нерешено со двете екипи, МШК Центар и ШК Гамбит Асеко Сее (кои меѓусебниот дуел го завршија исто така нерешено, но без борба). Во конечниот пласман овие три екипи го поделија првото место со по четири меч бодови (сите имаа победа над ШК Прилеп). Поради комплетно израмнети дополнителни критериуми (колку што беа предвидени во Правилникот), трите екипи се прогласени за рамноправни победници на Првенството.

А група

Rk.

Team

1

2

3

4

5

TB1

TB2

TB3

TB4

1

MSK Centar - Skopje

*

1

1

2

2

6

6

1

585

Alkaloid - Skopje

1

*

1

2

2

6

6

1

585

3

GSK Kumanovo 1 - Kumanovo

1

1

*

2

6

5,5

0

526

4

Fisher - Kumanovo

0

0

½

*

2

2

0

194

5

SK Lasker - Ohrid

0

0

0

½

*

0

0,5

0

50


Финална група

Rk.

Team

1

2

3

4

TB1

TB2

TB3

TB4

1

Alkaloid - Skopje

 1

1

4

3,5

0

241

MSK Centar - Skopje

 1

 * 

1

4

3,5

0

241

GAMBIT Asseco See - Skopje

1

1

 * 

 1½

4

3,5

0

241

4

SK Prilep - Prilep

½

½

½ 

 * 

0

1,5

0

100

За ШК Алкалоид оваа година на првата табла настапи женскиот Велемајстор Булмага Ирина 2429  рејтинг поени. Романска репрезентативка и моментално најсилна романска шахистка, со освоени повеќе титули на поединечни јуниорски европски и светски првенства. За својата земја Ирина настапила на шест Олимпијади и пет Европски Екипни Првенства. Во 2014 година на шаховската Олимпијада во Норвешка, Ирина го освојува бронзениот медал на својата табла.  Во 2013 година се стекнува со титулата машки Интернационален мајстор и од тогаш е “редовен член” на клубот “ТОП 100” најсилни женски шахистки во светот. Во својот прв настап за ШК Алкалоид Ирина освои 4,5 поени од 6 партии и иако заморна (настапи веднаш после турнир во Шпанија, со последователни 3 денови по 2 партии) силно ја предводеше нашата екипа.

На втората табла за ШК Алкалоид настапи ЖИМ Коскоска Габриела 2020 рејтинг поени, одигра 6 партии и освои 4 поени. Габриела е член на ШК Алкалоид од 1990 година, а од 1997 година ја носи титулата женски Интернационален мајстор. Во нејзината долгогодишна кариера, над петнаесет пати била државен шампион.  За македонската репрезентација настапува речиси без исклучок, од првата Олимпијада после осамостојувањето во 1994 година, до сега.

Прва резерва на екипата беше седумнаесет годишната Ефтовска Леа 1587 рејтинг поени, која е член на јуниорската школа на Алкалоид. Леа во јуниорска конкуренција досега има постигнато одлични резултати, така што и во иднина очекуваме да продолжи со развој и успешни настапи.

Во екипата беше планирано да настапи и Женскиот Фиде мајстор Моника Стојковска рејтинг 2106 поени, но од оправдани причини беше спречена. Таа е член на ШК Алкалоид од 2008 година. Моника настапува за македонската репрезентација од 2009 година и до сега има одиграно пет Олимпијади и три европски екипни првенства. Во 2012 година на Олимпијадата во Истанбул на 19 години Моника ја освојува титулата женски Фиде мајстор. На Олимпијадата во Баку Азербеџан, играјќи на првата табла, Моника ја освојува својата прва норма за женски Интернационален мајстор (бидејќи нормата е освоена на Олимпијада се смета како две норми). Третата норма за женски Интер-мајстор ја освојува на европското екипно првенство во Крит, Грција во 2017 година. За освојување на титулата женски Интер-мајстор (ЖИМ) на Моника и се потребни уште 100 рејтинг поени.

Капитен на Екипата беше ВМ Влатко Богдановски, еден од најуспешните македонски шахисти, долгогодишен член на репрезентација и секако на ШК Алкалоид, тренер во јуниорските школи на клубот и актуелен предводник на Комисијата за јуниорски шах при Шаховска Федерација на Македонија, воедно и Селектор на Македонската женска репрезентација.