Минимален пораз на ШК Алкалоид на Европскиот Клупски Куп 2018


Екипата на Алкалоид го забележа првиот пораз во шестото коло против тимот на Валеренга од Норвешка.

На првата табла, најдобриот кинески шахист и олимписки шампион од 2014 и 2018 година, Динг Лирен, ги водеше црните фигури против Светскиот шампион Магнус Карлсен од Норвешка. Во средишницата, насилниот светски шахист направи груба грешка и превиде пешак, по што беше принуден да се брани до крајот на партијата. Лирен во неколку моменти не одигра најпрецизни потези и не успеа да ја реализира големата предност по што партијата заврши со реми.

На втората табла Ју Јангји после отворањето се здоби со мала предност и пријатна позиција. По многу маневрирање, пополека ја зголемуваше својата предност и во завршницата освои фигура за два пешака. По долга борба исто како и Лирен не успеа да ја реализира материјалната предност и партијата заврши реми.

На третата табла Дмитри Адреикин се одлучи да игра оригинална позиција и го одбра не многу пополарното отворање Скандинавска одбрана. Во средишницата направи неколку грешки и дојде во послаба позиција. После многу поедноставувања влезе во позиција каде што имаше ловец и два пешака за топ, таму повторно не одигра најдобро и му дозволи на противникот да се активира по што мораше да ја предаде партијата.

На четвртата табла Јаковенко со бели фигури одигра непрецизно во отворањето и се здоби со послаба позиција. Несакајќи да превземе ризик по триесетиот потег понуди реми и партијата заврши нерешено.

На петтата табла Елјанов одигра Берлинска одбрана, каде што без проблеми ја изедначи позицијата и таа партија заврши со реми.

По овој минимален пораз од 2,5:3,5 екипата на Алкалоид во последното коло ќе игра против израелскиот тим Беер Шева. Со победа ШК Алкалоид ќе влезе во борбата за медал.