Пријателски меч


Шаховски клуб Алкалоид (Скопје) – Chess Academy Sykeon Neapolis (Солун).

Од 15-17 септември 2019 во Солун се одржа првиот пријателски меч помеѓу младинските екипи на Европскиот шампион од 2016 година Алкалоид и Шаховската Академија Сикеон Неаполис од Солун (Chess Academy Sykeon Neapolis) екипа кој што се натпреварува во најсилната лига во Грција. Клубовите настапија со А и Б тимови по тројца играчи. Се играше по Шевенинген систем од 3 кола, (секој играч од Алкалоид игра против сите тројца противнички играчи). Најуспешен во А-тимот на Алкалоид беше наскоро новиот македонски Интернационален мајстор Тони Лазов кој освои 2,5 поени. Филип Михов и Стојковска Моника освоија по 1 поен.


А-тим ШК Алкалоид рејтинг Освоени поени
ФМ Лазов Тони 2386 2,5
Михов Филип 2177 1,0
ЖФМ Стојковска Моника 2108 1,0

Нивни противници беа Галополус Николаос рејтинг 2369, Гиноулакис Лампрос рејтинг 2281 и Гаврилидис Орестис рејтинг 1980. Мечот помеѓу најсилните младински состави на ШК Алкалоид и Шаховската академија Сикеон Неаполис заврши нерешено 4,5 : 4,5.

Тимот “Б” на ШК Алкалоид извојува победа 8 : 1против втората екипа на Шаховската академија Сикеон Неаполис за која настапија Гкарипис Мариос Илиас, Иаковидис Орестис Мариос и Гианноулаки Ермофили. Најуспешна во Б-тимот беше Ангелкоска Јана која освои максимални 3 поени.


Б-тим ШК Алкалоид рејтинг Освоени поени
Ефтовски Матео 1726 2,5
Ефтовска Леа 1502 2,5
Анѓелкоска Јана 1422 3,0

Соработката помеѓу двата прволигашки клубови ќе продолжи со организирање на втор, реванш меч во Скопје до крајот на 2019 година.