Шаховска школа за ЈУНИОРИ

Ве покануваме да учите ШАХ од најдобрите

Наставата ја водат лиценцирани тренери на ФИДЕ (Светската шаховска организација), кои се истовремено и наши најсилни шаховски Велемајстори и Интернационални мајстори, носители на националната репрезентација и освојувачи на многу турнири и шампионски титули во екипна и во поединечна конкуренција.

Вашата пријава ја праќате на chessclubalkaloid1976@gmail.com и притоа ќе треба да пополните анкетен прашалник, со цел да добиеме информации за нивото на шаховско познавање на јуниорот за да го сместиме во соодветната група. Општопозната е проценката на стручните експерти и педагози дека шахот во голема мера помага во развојот на интелектот на младите и притоа:

  • ги подобрува когнитивните способности;
  • создава навика за самостојно учење и ментална дисциплина;
  • високо ја подигнува концентрацијата при учењето, работата, спортувањето;
  • значително го подигнува аналитичкото размислување;
  • подготвува за решавање проблеми и за донесување одлуки;
  • овозможува аналитичко планирање на следните чекори за во иднина;
  • го подготвува лицето за одговорност за сопствените одлуки (потези) и
  • гради способност да се прифати и да се надмине победата, а особено поразот.

Во актуелната ситуација со пандемијата, кога физичкото дружење и активностите се ограничени, шахот е одлична можност за комуникација и за усовршување низ забавна настава и преку ONLINE часови.

Целна група се јуниорите на возраст меѓу 6 и 14 години, независно од местото на живеење. За ONLINE следење на наставата секој учесник треба да поседува персонален компјутер.

Школата овозможува да се научат основите на шахот преку работа со јуниори, распоредени по групи (според шаховското предзнаење и според возраста), двапати во неделата од по 45 минути, во попладневни/вечерни термини (што би биле договорени со секоја група одделно), и учество на организирани турнири.

Наставата започнува од 08.02.2021. Почетниот период е промотивен, па посетата на часовите е бесплатна. Уписнина ќе се наплаќа од 01.04.2021, и ќе изнесува 1.000 денари месечно за јуниори и 500 денари месечно за јуниорки, а следува 50 % попуст за второ дете од исто семејство.


Анкетен прашалник за јуниорска шаховска школа