ШК АЛКАЛОИД повторно победник на Екипно Првенство на С. Македонија во шах за 2021 година

По пауза од една година поради пандемијата, во периодот од 15-21 август 2021 година, во “Хотел Дрим” во Струга, се одржа XXIX Екипен Шампионат на Северна Македонија за 2021 година со учество на осум екипи.

Посебно е важно да се одбележи свеченото отворање на турнирот, со симболично повлекување на првиот потег од страна на Претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Екипата на ШК Алкалоид ја освои деветтата последователна титула, и продолжи уште еден значаен рекорд – без ниеден загубен меч во сите девет години!

Статистички гледано, во последните 29 настапи (од 1992 до 2021 година), Алкалоид АД освои 23 шампионски титули, пет пати се пласира на второто и една година на третото место.

Во составот на екипата на ШК Алкалоид настапија:

ВМ Дмитри Андреикин (Русија), ВМ Јуриј Криворучко (Украина), ВМ Александар Инѓиќ (Србија), ИМ Филип Панчевски, ВМ Трајко Недев, ИМ Тони Лазов, ВМ Звонко Станојоски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, ВМ Влатко Богдановски.

Во однос на поединечните настапи на играчите, од 2012 година на сите Екипни Шампионати настапиле ИМ Филип Панчевски, ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојоски, ВМ Влатко Богдановски, како и Јуриј Криворучко, како странски играч.

Ѕвездата на турнирот беше Андреикин, кој играше фантастично и едноставно беше „булдожер“ на првата табла против најсилните играчи на нашите конкуренти, направи перформанс 2858 рејтинг поени на краток турнир (3,5 поени од 4 партии). Одлично настапија и Богдановски со 100% резултат 4(4) перформанс 2721, како и Криворучко со 3(4) и перформанс 2642.

Големите екипи победуваат и кога конкуренцијата е силна, и кога не се сите играчи во најдобра форма (паузата во турнири „во живо“ предизвикана од пандемијата, има свое влијание). Мобилизираноста и тимскиот дух секогаш ја красат екипата и се значаен елемент во сите резултати.

Алкалоид уште еднаш докажа дека е најсилен (четири екипи конкурираа за титулата), - па освен нерешениот резултат со „Гостивар“, ги победивме останатите конкуренти и ја освоивме/ задржавме титулата. Во мечот кој решаваше за победникот на турнирот, во шестото коло Алкалоид убедливо (иако воопшто не лесно) со 4:2 славеше победа над „Гамбит Асеко СЕЕ“.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња