Политика за приватност


Контролор:

АЛКАЛОИД АД Скопје
бул. „Александар Македонски“ бр. 12
1000 Скопје
Република Северна Македонија

(Во натамошниот текст „АЛКАЛОИД“)


АЛКАЛОИД АД Скопје ѝ посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“).

Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.

Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив односно доколку сте дале согласност за обработка на вашите лични податоци или обработката е потребна за целите на нашите легитимни интереси. Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.

Собраните податоци може да бидат обработени за следниве цели:

  • за анализирање на посетите на нашата страница, идентификување на интересите на корисниците и за одржување на информациската сигурност на нашата страница. Повеќе за употребата на колачињата прочитајте ја нашата политика за користење колачиња.
  • за цели за кои сте побарале, сте поставиле прашање преку контакт телефоните и е-маил адресите наведени на страницата;
  • доколку контактирате или се поврзете со нас преку социјалните мрежи;

Ве информираме дека може да ја користите нашата страница без да ги откриете своите лични податоци. Немате обврска да ги откривате своите лични податоци како услов за користење на нашата страница, освен ако доброволно не доставите податоци за одредена цел.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира вашата IP-адреса, типот на прелистувач, времето на посета и линкот до посетената страница.

Личните податоци што ги доставувате кога не контактирате преку телефон или електронска адреса, се користат само со цел да одговориме на вашето прашање или барање или да размениме дополнителни податоци поврзани со барањето. Алкалоид понатака не чува лични податоци за вас.

Може да собереме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со АЛКАЛОИД. Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Исто така, може да собереме каков било личен податок што го споделувате јавно и што е дел од вашиот профил (на пр. име, адреса на електронска пошта, пол, роденден, град во кој живеете, слика и сл.) и кои било дополнителни информации или активности што ги објавувате на социјалните мрежи и платформи. Наедно, собираме податоци за вас секогаш кога комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи, но и секогаш кога ја користите функцијата за социјално вмрежување, интегрирана на страниците на АЛКАЛОИД. Обработката на вашите лични податоци е доброволна и во секое време може да ја повлечете својата согласност за овие цели, со тоа што за подетални информации видете во секцијата „Кои се вашите права“. За да дознаете повеќе како ги добива АЛКАЛОИД вашите податоци од социјалните мрежи на трети страни или да изберете да не споделувате информации од социјалните мрежи, прочитајте ја политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.

АЛКАЛОИД ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.

Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку АЛКАЛОИД ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на АЛКАЛОИД и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.

Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. АЛКАЛОИД задржува контрола над употребата на овие податоци.

Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани.

Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност. Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.

AЛКАЛОИД гарантира остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од АЛКАЛОИД:

право на пристап - право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;

право на исправка - доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;

право на бришење - право да побарате од АЛКАЛОИД да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;

право на ограничување на обработката - право да побарате АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;

право на преносливост на податоците - право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од АЛКАЛОИД;

право на приговор - право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и

право на повлекување на согласноста - имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.

Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.

Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:

Контролор:

АЛКАЛОИД АД Скопје
бул. „Александар Македонски“ бр. 12
1000 Скопје
за офицерот за заштита на лични податоци

или

на електронската адреса на офицерот за заштита на личните податоци: dpo@alkaloid.com.mk

Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:

  • име на веб-страницата на која се повикувате;
  • ваша врска и интеракција со нас и
  • опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.

Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.

ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност повремено може да се менува.

АЛКАЛОИД АД Скопје ќе постави ажурирана верзија на политиката за приватност на оваа страница.

Датум на последната измена 06.09.2021 Скопје

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (Cookies)

За да разбереме како ja користат посетителите нашaтa веб-страницa и за да им овозможиме подобро искуство, може да собираме некои ваши податоци со специјалната алатка наречена колачиња (Cookies).

Што се колачиња?

Колачињата претставуваат мали датотеки со податоци, кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.

Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај АЛКАЛОИД АД Скопје) се нарекуваат „колачиња на првата страна“.


Користиме колачиња на прва страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.

Видовите колачиња на првата страна, кои се поставени преку нашата веб-страница, и целите за кои се поставени се детално опишани во табелата подолу.

1. Колачиња потребни заради технички цели

Колачиња Опис
ASP.Net session Идентификатор на складирање ASP-податоци, поставени кога се користи ASP-сесија () метод
UniqueID Анонимна идентификација на времетраењето на посетата, за статистичка анализа, со цел оптимизирање на веб-страницата. Не се прибираат лични податоци.
WHGCOOKIECONSENT  Ја памети одлуката за користење опциски колачиња. Ја чува вашата одлука да прифатите или да одбиете користење опциски колачиња. Не се прибираат лични податоци. Рок на траење: 12 месеци.


ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА КОЛАЧИЊА

Политиката за колачиња повремено може да се менува, со цел да вклучиме можни промени во колачињата што ги користиме или од други оперативни, правни или регулаторни причини. Поради тоа, ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа политика за колачиња, со цел да бидете информирани како ги користиме колачињата и другите технологии за следење.

Датум на последна измена 06.09.2021 Скопје

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња