Образование – Доктор на технолошки науки.
Со шахот се занимава од октомври 1982 година, женски интернационален мајстор од 1997. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1990.
Избрани резултати:
- Норма за женски велемајстор – февруари 2000 год. (ОПЕН Капела Гранде)
- Норма за интернационален мајстор – февруари 2000 год. (ОПЕН Капела Гранде)
- Постојан член на женската репрезентација на Македонија: 10 шаховски Олимпијади (1994, 1996, 1998, 2000, 2002, 2004, 2006, 2010, 2012, 2014 год.) и 5 Европски првенства (1997, 1999, 2001, 2003, 2009 год.)
- Повеќе од 10 пати шампион на Македонија во шах за жени, од осамостојување до денес