Успеси, награди, признанија

Избрани ЕКИПНИ резултати на клубот:

  • Европски клупски куп.
    Во периодот 2000 – 2009 година клубот настапи на сите 10 Европски клупски купови, со пет пласмани на делба на место со првите 10 екипи. Највисокиот резултат е делба на 5-11 место во 2009 година. Во периодот 2010 – 2014 година клубот се ориентираше кон јуниорскиот шах и паузираше од настапи на Европскиот клупски куп. На Европскиот Клупски Куп кој се одржа 17-24 Октомври во Скопје, ШК Алкалоид го оствари својот највисок пласман до сега, 5 место, освоени 10 бода од 7 мечеви.
    Во периодот 2000 – 2016 година на Екипниот шампионат на Македонија клубот 11 пати ја освојува шампионската титула, при што оваа доминација е особено нагласена последните 11 години, во кои ш.к. Алкалоид 9 пати бил екипен шампион на Македонија.
  • Куп на Македонија.
    Се организира од страна на ШФМ со прекини, а на последните пет купови на Македонија (2004, 2005, 2006, 2007 и 2010) Алкалоид ги освојуваше првите места.
  • Ревијален настап Нови Сад 2012.
    По повод 90 години од своето постоење во 2012 година Новосадскиот шаховски клуб организираше ревијален Меѓународен клупски натпревар во брзопотезен шах, со учество на најуспешните клубови од државите на екс-Југославија, при што од Македонија беше поканет ш.к. Алкалоид.

Избрани индивидуални резултати на членови на клубот:

  • Членовите на шаховскиот клуб Алкалоид во континуитет во самостојна Македонија од 1994 година се носители на репрезентациите:
    • Машка: ВМ Влатко Богдановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојоски, ВМ Александар Чоловиќ, ИМ Филип Панчевски, ИМ Дејан Стојановски, ИМ Никола Димовски, ИМ Тони Кироски, ФМ Тони Лазов
    • Женска: ЖИМ Габриела Коскоска, ЖФМ Весна Секуловска, ЖФМ Лидија Софревска-Андонова, Ивана Ѓорѓиева, ЖФМ Моника Стојковска, Драгана Николовска, Симона Лакинска.
  • Олимписки медали и медали од Европските екипни шампионати. Настапувајќи во составот на државната репрезентација, нашите членови се носители на медали за индивидуални резултати:
    • ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, златен медал за најдобар резултат на 3 табла на Шаховската олимпијада во Истанбул, Турција во 2000 година (каде што репрезентацијата на Македонија го постигнува својот најголем успех, делба на 7 место).
    • ВМ Трајко Недев, сребрен медал за најдобар резултат на 3 табла на Европското екипно првенство во Пловдив, Бугарија во 2003 година.
    • ЖФМ Весна Секуловска, сребрен медал за најдобар резултат на 2 табла на Европско екипно првенство за шахистки, Пловдив, Бугарија во 2003 година.
  • Државни шампиони.
    Шахистите на Алкалоид, во континуитет победуваат на Првенствата на Македонија во индивидуална конкуренција, во прилог победници од 2010 година (сите членови на ш.к. Алкалоид):
    • 2016 ИМ Филип Панчевски
    • 2015 ВМ Звонко Станојоски;
    • 2014 ИМ Филип Панчевски;
    • 2013 ВМ Влатко Богдановски;
    • 2012 ИМ Филип Панчевски;
    • 2011 ВМ Трајко Недев;
    • 2010 ИМ Филип Панчевски.