Со оваа информација, ги информираме членовите како субјекти на лични податоци за начинот и постапката на остварување на нивните права во однос на личните податоци кои се обработуваат од страна на Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје (во понатамошниот текст “Шаховскиот клуб”) согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Како членови чии лични податоци се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје, имате право да бидете детално информирани за:

  • Идентитет на контролорот (Шаховскиот клуб) и контакт податоци за истиот
  • Контакт податоци на Офицерот за заштита на личните податоци
  • Целите и правната основа за обработката
  • Легитимните интереси на Шаховскиот клуб (ако се врши обработка согласно оваа правна основа)
  • Категориите на субјекти чии податоци се обработуваат и категории на лични податоци што се обработуваат
  • Корисници на кои личните податоци се даваат на користење
  • Рок на чување
  • Дали се врши пренос на податоците во трети земји

Оваа информација за остварување на правата на членовите е објавена на веб-страницата на Шаховскиот клуб, а воедно оваа информација може да ја добиете во службените простории на Шаховскиот клуб, или да Ви биде директно доставена во хартиена или електронска форма.

Оваа информација освен на членовите на Шаховскиот клуб, се однесува и на учесниците на турнири во организација на Шаховскиот клуб.

А. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Како член чии лични податоци се обработуваат од страна на Шаховскиот клуб, имате право да поднесете барања за остварување на Вашите права пропишани со закон и тоа:

Право на пристап

На Ваше барање, Шаховскиот клуб има обврска да Ве информира кои податоци ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.

Право на исправка на лични податоци

На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе изврши исправка и дополнување на Вашите лични податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци.

Право на бришење

На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе ги избрише Вашите лични податоци ако е исполнета целта заради која биле обработувани, ако сте ја повлекле согласноста за обработка, ако податоците биле незаконски обработувани, ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска на Шаховскиот клуб за бришење на податоците кога веќе не постои правна основа за обработка.

Право на ограничување на обработката на лични податоци

На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе ја ограничи обработката на Вашите лични податоци, ако ја оспорувате нивната точност, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците Ви се потребни за остварување на правни барања.

Право на преносливост на податоците

На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе Ви ги пренесе личните податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат или ќе ги пренесе во друг клуб. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.

Приговор

Вие имате право на приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со Вас, ако обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.

Барање за повлекување на претходна согласност

Вие во секое време можете да ја повлечете претходно дадената согласност за обработка на Вашите лични податоци. Барањето за повлекување на согласност, поднесете го до Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје согласно постапката опишана подолу.

Б. ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА

Начин на достава на барањето

За остварување на правата од секција А од оваа Информација, можете да поднесете соодветно барање. Барањата за остварување на секое одделно право, објавени се на интернет страната на Шаховскиот клуб . Соодветното барање може да се поднесе на повеќе начини:

a)Во печатена форма со пополнување на соодветното барање и негово доставување лично или по пошта во плик со назнака „Барање за__________ (да се внесе соодветниот назив за барањето) до архивата на Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје, на адреса бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со посебна назнака “до Офицерот за заштита на лични податоци”

б)Во електронска форма, со пополнување на соодветното барање и негово доставување на мејл адресата на Офицерот за заштита на лични податоци dpo@alkaloid.com.mk

в)На телефонски број на Офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3104 000

Барањето треба да биде читливо и уредно пополнето и потпишано. Во склоп на секој образец/барање се наведени насоки за пополнување на истото.

Барањето испратено до Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје, задолжително треба да ги содржи следните податоци:

  • Ваша идентификација – целосно име и презиме
  • Контакт информации за повратна информација: адреса, телефон, електронска пошта
  • Образложение и основ за барањето
  • Доколку е назначено во самото барање, потврда за Ваша идентификација

Постапување по барањето

Одговорно лице за постапување по однос на Вашето барање е Офицерот за заштита на лични податоци. По прием на барањето, истото се заведува во регистарот на примени барања и се пристапува кон негово разгледување. Доколку Офицерот за заштита на лични податоци има основано сомневање во врска со Вашиот идентитет, како подносител на барањето, може да побара да доставите дополнителни информации со цел потврдување на идентитетот. Доколку Вашиот идентитет се потврди, се пристапува кон проценка на основаноста на барањето. Доколку, и покрај доставувањето на дополнителни информации, Вашиот идентитет не може да биде утврден, барањето се одбива со доставување на образложение.

Офицерот за заштита на податоците има право да Ви побара дополнителни документи или информации со цел остварување на Вашето право. Информацијата која што ќе Ви биде испратена во писмена, односно електронска форма, ќе биде во форма на известување по однос на барањето, со кое што ќе бидете информирани за активностите преземени од страна на Шаховскиот клуб, заклучокот и поуката за понатамошно постапување. Доколку Вашето барање биде одбиено, во известувањето ќе бидат наведени причините за неможноста за остварување на правото, заклучокот и поуката за понатамошно постапување.

Известувањата ќе бидат испратени до Вас во писмена, односно електронска форма каде што е можно, освен ако побарате поинаку.

Рокови на постапување

Шаховскиот клуб е должен да Ви достави информација за преземените активности без непотребно одложување и во секој случај согласно законски определените рокови, во рок од 1 месец, односно најдоцна во рок од 3 месеци во случај на комплексност на барањето. Шаховскиот клуб ќе Ве информира за секое продолжување на рокот, во рок од еден (1) месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето.

Доколку Шаховскиот клуб не преземе активности по Вашето барање во рок од еден месец од приемот на барањето, Шаховскиот клуб има обврска да Ве извести за причините за непреземање на активности и за можноста да поднесете барање до АЗЛП, како и за можноста за користење на судска заштита.

Рокот за постапување по барање за исправка на Вашите лични податоци е 15 дена. Рокот за постапување по барање за бришење на Вашите лични податоци е 30 дена.

Наплата на надомест

Согласно законот за заштита на лични податоци, обезбедувањето на потребните информации во поглед на Вашето барање се овозможуваат без надоместок. Во исклучителни ситуации, доколку Шаховскиот клуб процени дека Вашето барање е очигледно неосновано или прекумерно, особено заради повторувачкиот карактер, Шаховскиот клуб може да Ви наплати надоместок, за што ќе Ве информира, имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето.

Шаховскиот клуб е има право да го одбие Вашето барање, доколку не се согласите да го платите побараниот надомест потребен за да се преземат соодветните активности.

Затварање на барањето

Со доставувањето на потребното известување од страна на Шаховскиот клуб до Вас, се смета дека барањето е затворено.

Доколку имате дополнителни прашања или барања во врска со обработката на личните податоци од страна на Шаховскиот клуб како контролор, истите треба да ги упатите до Офицерот за заштита на личните податоци, преку телефонскиот број +389 2 3104 000 или преку електронската пошта dpo@alkaloid.com.mk

Шаховскиот Клуб Алкалоид Скопје посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на своите активности преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на компанијата. Со оваа Информација за приватност, ве информираме како Шаховскиот Клуб Алкалоид Скопје (во натамошниот текст ,, Шаховски Клуб”) ги обработува и заштитува вашите лични податоци (во натамошниот текст ,,лични податоци”), како и кои законски права можете да ги остварите од аспект на заштитата на личните податоци.

Оваа информација освен на членовите на Шаховскиот клуб, се однесува и на учесниците на турнири во организација на Шаховскиот клуб.

Кои се правните основи за обработка на вашите лични податоци?

Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, а притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат. Правни основи за обработка на вашите лични податоци се: (i) исполнување на законските обврски што Шаховски Клуб е должен да ги почитува (ii) исполнување на договорна обврска потребна за исполнување на договор каде вие се јавувате како договорна страна (iii) исполнување на статутарна обврска (iii) а по исклучок, Шаховски Клуб врши обработка на ваши лични податоци врз основа на ваша согласност.

За која цел ги обработуваме вашите лични податоци?

Ние ги обработуваме вашите податоци заради управување со Шаховскиот Клуб како и заради исполнување на целите заради кои е основан Шаховскиот клуб (промовирање и развивање на шаховскиот спорт, учество во организиран систем на натпревари, организација на натпревари и подготовка на играчите за учество на натпревари, како активности кои придонесуваат за унапредување на шаховската игра, усовршување и остварување на повисоки спортски резултати, но и остварување на права и обврски од договор).

Кој има пристап до вашите лични податоци?

  • Лица кои имаат реална потреба да дојдат во контакт со вашите лични податоци и имаат овластување да вршат обработка на податоците, заради остварување на целта за која се дадени;
  • Одредени друштва од Република Северна Македонија ангажирани од страна на Шаховскиот Клуб со цел изведување помошни активности за обработка на податоците, при што секое вакво друштво е обврзано договорно од страна на Шаховскиот Клуб да ја заштити тајноста на податоците и да постапува според упатствата на Шаховскиот Клуб и во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.
  • Банкарски институции со цел да се изврши исплатата;
  • Шаховска федерација на Македонија и секоја јавна институција до која Шаховскиот Клуб е должен да ги достави Вашите лични податоци, a се заснова на законска обврска што произлегува од важечките законски прописи или врз основа на барање од суд или друго официјално барање засновано на закон;
  • Во одредени исклучителни ситуации заради извршување или учество во правни постапки, пристап до Вашите Лични податоци може да имаат и судови и други органи за спроведување на законот или правни застапници доколку истото е дозволено во рамки на законот.

Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?

Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат. Шаховскиот Клуб ги собира вашите лични податоци, директно од вас и тоа:

  • Податоци за ваша идентификација - име и презиме, фотографија (само за членовите на шаховски клуб), датум и место на раѓање, град, матичен број, копија од документ за идентификување (само за странски државјани), Фиде код.
  • Контакт податоци - домашна адреса, телефонски број и е-пошта;
  • Финансиски информации (само кога се вршат исплати) - број на трансакциска сметка
  • Други информации што ќе изберете да ги споделите со нас.

Колку долго ги чуваме Вашите Лични податоци?

Вашите податоци се чуваат како документација од трајна вредност.

Како ги чуваме Вашите Лични податоци?

Ние се грижиме да бидат преземени сите технички, организациски и процедурални мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита на обработката на Вашите лични податоци, со цел спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите. Овие заштитни мерки вклучуваат спроведување на специфични технологии и процедури дизајнирани да ја заштитат Вашата приватност.

Кои се вашите права?

Под одредени услови утврдени со закон, имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, преносливост на Вашите лични податоци и право на приговор. Овие Ваши права произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Подетално за Вашите права, можете да прочитате во Информацијата за остварување на правата на членовите на Шаховскиот клуб, која е објавена на следниот линк.

Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.

  • електронска адреса на Офицерот за заштита на лични податоци на Шаховскиот Клуб Алкалоид Скопје, dpo@alkaloid.com.mk
  • телефонски број на Офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3104 000 или
  • поштенска адреса Шаховскиот Клуб Алкалоид Скопје, бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија - Офицер за заштита на лични податоци.

Доколку сметате дека со обработката на Вашите Лични податоци се прекршени одредбите на Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња