ЗА СПОНЗОРОТ АЛКАЛОИД СКОПЈЕ

ЗА СПОНЗОРОТ АЛКАЛОИД СКОПЈЕ

АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.

Алкалоид АД е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика и Билкарство; има две подружници во земјата како и 16 подружници и 3 претставништва надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, во Руската Федерација и САД).

Друштвото брои 1.580 вработени во земјата и 420 вработени во подружниците и претставништвата надвор од Македонија.

Акциите на Алкалоид се во сопственост на околу 4.946 акционери физички и правни лица, а околу 5.55% од вкупниот број на издадени акции се во сопственост на странски акционери.

Општествената одговорност е дел од традицијата на Алкалоид. Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и фармација, Алкалоид активно партиципира и помага во реализација на манифестации, учествува во донации на опрема и инфраструктурни проекти. Како дел од долгорочно дејствување во овие сегменти Алкалоид во чест на големиот стратег и визионер во 2007 година ја формира Фондацијата Трајче Мукаетов, за стипендирање на млади, талентирани и амбициозни студенти на факултетите за медицина и фармација при државниот универзитет во Скопје.

Алкалоид се јавува како помагател на многу настани и во културата, а посебно во спортот. Неколку години Алкалоид е главен поддржувач на Ракометната федерација на Македонија. Алкалоид долги години ѝ помага на Шаховската федерација на Македонија, а шаховскиот клуб Алкалоид е речиси четири децении под комплетно спонзорство на Алкалоид и е најуспешен клуб во шаховската историја на Македонија.