„АЛКАЛОИД“ ПРОТИВ РУСКАТА ЕКИПА „СИБИР” ВО МЕЧОТ ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
Денес со почеток од 15,00 часот ќе започне претпоследното шесто коло, каде што на првата табла се среќаваат екипите на Алкалоид и Сибир. Овој дуел на прво и второ рангираните тимови најверојатно ќе го даде победникот на турнирот. Минатогодишниот шампион екипата на Сибир е предводена од поранешниот Светски првак Владимир Крамник кој ќе игра на првата табла со белите фигури против велемајсторот Динг Лирен. ШК „Алкалоид“ во овој меч ќе влезе со еден бод повеќе од својот конкурент.
Паровите по табли се следни:
BO. | 1 | SYBERIA (RUS) | RTG | – | 2 | ALKALOID (MKD) | RTG | 0 : 0 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1.1 | GM | Kramnik, Vladimir | 2810 | – | GM | Ding, Liren | 2764 | |
1.2 | GM | Giri, Anish | 2767 | – | GM | Andreikin, Dmitry | 2726 | |
1.3 | GM | Grischuk, Alexander | 2751 | – | GM | Eljanov, Pavel | 2757 | |
1.4 | GM | Tomashevsky, Evgeny | 2722 | – | GM | Jakovenko, Dmitry | 2709 | |
1.5 | GM | Korobov, Anton | 2689 | – | GM | Yu, Yangyi | 2721 | |
1.6 | GM | Rublevsky, Sergei | 2689 | – | GM | Kryvoruchko, Yuriy | 2702 |