Шахисти
ЈАЌИМОВИЌ ДРАГОЉУБ
Роден 1964 во Ќуприја, Србија. Шаховски велемајстор од 2000 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1981.
Позначајни резултати:
- 1985 дели прво место на Првенството на Македонија, а потоа ја освојува титулата Шампион на Македонија во 1996, 1998.
- Победник или делба на прво место на повеќе турнири меѓу кои во Шибеник - Хрватска, Вуковар - Хрватска, Пловдив - Бугарија, Карпош Опен – Македонија.
- Член е на македонската репрезентација на шаховските Олимпијади и Европски Екипни Шампионати од 1992 година.
- 2000 освојува златен медал за индивидуален резултат на шаховската Олимпијада во Истанбул.
- Капитен на екипата на ШК Алкалоид.
- Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на шаховската школа, поддржана од ШК Алкалоид.
- Селектор на машката репрезентација на Македонија од 2011 до 2015 година.
Линк од Фиде профил https://ratings.fide.com/profile/15000214