МИНИМАЛЕН ПОРАЗ НА ШК АЛКАЛОИД ВО ТРЕТОТО КОЛО НА ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ КУП 2019
Во дерби мечот на третото коло ШК Алкалоид загуби со минимална разлика 2,5 : 3,5 од Рускиот шампион “Mednyi Vsadnik” од Санкт Петербург. Очекувано, ова беше многу тежок меч, во сите шест партии се водеше напрегната борба, на моменти со минимална предност за шахистите на Алкалоид. Сепак, на крајот пет партии завршија со реми, и Криворучко единствен претрпе пораз.
По одиграни три кола, 7 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 6 бода, две имаат 5 и потоа следи поголема група со 4 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.
Во четвртото коло, ШК Алкалоид за противник ја има српската екипа „Итака“.