Александар Константинов е новиот македонски Фиде мајстор
Перспективниот македонски шахист осумнаесетгодишниот Константинов Александар ја помина границата од 2300 поени и со тоа стана фиде мајстор. Нашиот млад шахист одигра одлично на последните два отворени меѓународни турнири, „Србија Опен“ каде што освои 47 поени и на меморијалниот турнир „Др. Бориша Караџиќ“ на кој што заработи 35 рејтинг поени. На декемвриската македонска рејтинг листа Александар се наоѓа на 11-та позиција со 2347 рејтинг поени. Со овој успех членот на шаховскиот клуб „Алкалоид“ стана и највисоко рангиран македонски јуниор во моментов.
Александар Константинов во својата кариера ги има постигнато следниве позначајни резултати:
- 2006, 2007, 2008 – 1 место Првенство на Македонија јуниори до 10г
- 2009 – 2 место Првенство на Македонија јуниори до 12г
- 2012 – 1 место Првенство на Македонија јуниори до 14г
- 2013 – 2 место Првенство на Македонија јуниори до 16г
- 2014 – 2 место Првенство на Македонија јуниори до 16г
- 2015 – 2 место Првенство на Македонија јуниори до 18г
- 2016 – делба 2-4 место Првенство на Македонија јуниори до 18г
- 2016 - 1 место на Отворен меѓународен младински турнир „Квалитет 2016“ во Скопје
- Учество на повеќе јуниорски отворени турнири
- 2016 – делба на 13-то место на силниот меѓународен турнир „Опен Ниш“ каде што освои 131 рејтинг поени
- 2016 – делба на 17-то место (од 102 учесници) на меморијалниот турнир „Др. Бориша Караџиќ“.
- 2016 – делба на 22-ро место (од 152 учесници) на „Србија Опен“.