АЛКАЛОИД ЈА ОДБРАНИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ВО МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО

На Екипниот Шампионат наМакедонија за 2019 година што се одржа од 22-28 јули во хотел Метропол во Охрид, екипата на ШК Алкалоид убедливо со максимални 14 меч бодови ја одбрани освоената титула од 2018.

На Екипниот Шампионат на Македонија за 2019 година што се одржа од 22-28 јули во хотел Метропол во Охрид, екипата на ШК Алкалоид убедливо со максимални 14 меч бодови ја одбрани освоената титула од 2018.

За Европскиот Шампион од 2016 покрај стандардните домашни играчи (Филип Панчевски, Трајко Недев, Звонко Станојоски, Дејан Стојановски, Драгољуб Јаќимовиќ и Влатко Богдановски) и долгогодишниот член од Украина Јуриј Криворучко, за прв пат настапи на втората табла најдобриот белоруски шахист Владислав Ковалев, додека на трета табла настапи шампионот на Хрватска Велемајсторот Марин Босиочич. Својот деби настап за сениорската екипа на Алкалоид го имаше и најголемата македонска надеж Фиде мајсторот Тони Лазов кој неодамна ја освои својата петта норма (потребни се три) за Интернационален мајстор (за освојување на титулата потребно исполнување уште на рејтинг услов). На второто место заврши најголемиот конкурент на Алкалоид, екипата на Гамбит АСЕКО СЕЕ. Третото место му припадна на шаховскиот клуб „Прилеп‘‘ кој освои 9 меч бодови. Во дуели со конкурентите Алкалоид извојува сигурни победи од 4:2 против Гамбит АСЕКО СЕЕ, 5:1 против Прилеп, 4.5:1.5 против Куманово, 5:1 против БМ Кисела Вода и 3.5:2.5 против Гостивар.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња