ЕКИПНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЛАДИ ДО 16 ГОДИНИ ЗА 2018

Јуниорската екипа на „ШК Алкалоид 1“ е победник на Екипното Првенство на Македонија за млади до 16 години, за 2018 година. На турнирот учествуваа 8 екипи, при што секоја екипа беше составена од четири играчи од кои задолжително едно девојче. Натпреварите се одиграа на 17 и 18 Октомври и 01 и 02 Декември, во Скопје.
Јуниорска екипа на „ШК Алкалоид 1“ го освои првото место со освоени 13 бода, од можни 14. Младите шахисти остварија 6 победи и еден нерешен меч, и вкупно 25 од можни 28 поени.

Во последното коло се одигра дербито на Првенството помеѓу екипите на „Алкалоид 1“, кој до тогаш имаше максимални 12 бода, и главниот конкурент „Гамбит – Ассеко СЕЕ 1“, кој во тој момент имаше 11 бодови. По голема борба мечот заврши 2:2 со што Алкалоид 1 остана сам на врвот на табелата со вкупно 13 бода, додека второто место и припадна на екипата на „Гамбит Ассеко СЕЕ 1‘‘ со 12 бода. За екипата Алкалоид 1 настапија: Кристијан Велковски (6 поени од 7 партии), Матеј Звездаковски (5 поени од 4 партии), Миле Костески (3 поени од 4 партии), Матео Ефтовски (5 поени од 5 партии) и Јана Анѓелкоска 7 поени од 7 партии).
Третото место и припадна на екипата на „ШК Алкалоид 2“ кој во шестото коло одигра нерешено со младинската екипа на „ШК Гамбит Ассеко СЕЕ 1“, а единствениот пораз го доживеа од клупските колеги – екипата на „ШК Алкалоид 1“. За „ШКАлкалоид 2“ настапија: Хедон Мифтари (1,5 поени од 4 партии), Адмирим Исмаили (6 поени од 7 партии), Леа Ефтовска (6 поени од 7 партии), Иван Цапески (5 поени од 6 партии) и Георг Фармакоски (4 поени од 4 партии).
Третиот претставник на клубот екипата „ШК Алкалоид 3”, составена од најмладите членови на нашите шаховски школи освои 4 бодови. За „ШК Алкалоид 3” настапија: Петровиќ Лазар, Галески Гошо, Цветковски Ѓорѓи, Николовски Кирил, Ќосев Стефан и Недева Мирјана.
Пласман со партии
Рк.
|
Екипа
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
8
|
ТБ1
|
ТБ2
|
ТБ3
|
ТБ4
|
1
|
АЛКАЛОИД 1, Скопје
|
*
|
2
|
3
|
4
|
4
|
4
|
4
|
4
|
13
|
25
|
0
|
2320
|
2
|
ГАМБИТ АССЕКО-СЕЕ 1, Скопје
|
2
|
*
|
2
|
3½
|
3½
|
4
|
4
|
3
|
12
|
22
|
0
|
2059
|
3
|
АЛКАЛОИД 2, Скопје
|
1
|
2
|
*
|
3½
|
4
|
4
|
4
|
4
|
11
|
23
|
0
|
2082
|
4
|
ДКЦ КАРПОШ, Скопје
|
0
|
½
|
½
|
*
|
2
|
3
|
2
|
2
|
6
|
10
|
0
|
963
|
5
|
ЛАСКЕР, Охрид
|
0
|
½
|
0
|
2
|
*
|
2½
|
1
|
2½
|
5
|
8,5
|
0
|
785
|
6
|
ЈАХЈА КЕМАЛ ЈУНИОР, Скопје
|
0
|
0
|
0
|
1
|
1½
|
*
|
3
|
3½
|
4
|
9
|
0
|
828
|
7
|
АЛКАЛОИД 3, Скопје
|
0
|
0
|
0
|
1
|
3
|
1
|
*
|
3
|
4
|
8
|
0
|
750
|
8
|
ГАМБИТ АССЕКО-СЕЕ 2, Скопје
|
0
|
1
|
0
|
2
|
1½
|
½
|
1
|
*
|
1
|
6
|
0
|
541
|