Првенства на Македонија за млади за 2016 година
Јуниорите на ШК Алкалоид постигнаа одлични резултати на државните првенства во шах за девојчиња и момчиња до 08,10,12,14,16 и 18 години, што се одржаа од 16-21 јуни 2016 година во Струга. На првенствата настапија 66 учесници во машка и женска конкуренција. Шаховскиот клуб Алкалоид го претставуваа 27 играчи од младинските школи, кои освоија повеќе први и втори места.
Во конкуренција до 16 години кај момчињата очекувано и убедливо победи најголемата надеж на македонскиот шах Фиде мајсторот Тони Лазов освојувајќи 5 поени од 6 партии. Третото место му припадна на Михов Филип кој освои 4 поени.
Во конкуренција на момчиња до 18 години, тројцата претставници на шаховскиот клуб Алкалоид Стојанов Птоломеј Петар, Цакончев Христијан и Константинов Александар го поделија второто место освојувајќи 2,5 поени од 5 партии. Симона Лакинска, настапи како единствена јуниорка во оваа конкуренција.
Во конкуренција на јуниори до 14 години првото место му припадна на Петровиќ Лазар кој што освои 7,5 поени. Третото место заслужено го освои Велковски Кристијан со 6,5 поени. Анѓелкоска Јана го освои четвртото место со 5 поени и е најдобро пласирано девојче до 14 години.
Во конкуренција до 12 години првак на Македонија е Јорданов Михаил кој што после 7 одиграни кола освои 6 поени, додека третото место му припадна на Звездаковски Матеј со освоени 5 поени.
Во конкуренција на момчиња до 10 години Цапески Иван со 6 поени од 7 партии го освои второто место.
Кај најмладите во конкуренција на момчиња и девојчиња до 8 години прво место подели Цветковски Ѓорѓи со освоени 5 поени од 6 партии. На истиот турнир настапија и Ѓоровиќ Матија и Недева Мирјана.