Се одигра традиционалниот Божиќен викенд турнир КАРПОШ 2017

Интернационалниот мајстор Дејан Стојановски и член на ШК Алкалоид, го освои четвртото место на Божиќниот викенд турнир КАРПОШ 2017, а воедно беше најдобро пласиран македонски шахист. До четвртото место стигна освојувајќи 7 поени од девет партии, при тоа остварувајќи шест победи, две реми и еден пораз. Единствениот пораз го забележа во седмото коло во партијата против победникот на турнирот велемајсторот Кирил Георгиев од Бугарија. Наградата за најдобро пласиран јуниор му припадна на ФИДЕ мајсторот Тони Лазов, кој со освоени 6.5 поени го подели 13то место заедно со неговите клупски колеги интернационалниот мајстор Филип Панчевски и велемајсторот Влатко Богдановски . На турнирот учествуваа 180 шахисти од пет држави.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња