Шаховска школа за ЈУНИОРИ

Ве покануваме да учите ШАХ од најдобрите


Наставата ја водат лиценцирани тренери на ФИДЕ (Светската шаховска организација), кои се истовремено и наши најсилни шаховски Велемајстори, носители на националната репрезентација и освојувачи на многу турнири и шампионски титули во екипна и во поединечна конкуренција.

Целна група се јуниорите на возраст помеѓу 6 и 14 години.

За пријавување ве молиме да го пополните анкетниот прашалник, преку кој ќе добиеме информации за нивото на шаховско познавање на јуниорот, за да го сместиме во соодветната група. Општопозната е проценката на стручните експерти и на педагозите дека шахот во голема мера помага за развој на интелектот на младите и притоа:

  • ги подобрува когнитивните способности;
  • создава навика за самостојно учење и ментална дисциплина;
  • високо ја подигнува концентрацијата при учењето, работата, спортувањето;
  • значително го подигнува аналитичкото размислување;
  • подготвува за решавање проблеми и за донесување одлуки;
  • овозможува аналитичко планирање на следните чекори за во иднина;
  • го подготвува лицето за одговорност за сопствените одлуки (потези) и
  • гради способност да се прифати и да се надмине победата, а особено поразот.

Школата овозможува да се научат основите на шахот преку работа со јуниори, распоредени по групи (според шаховското предзнаење и според возраста), и учество на организирани турнири.

Наставата започнува во втората половина на септември. Планирани термини:

  • понеделник и четврток од 18:00 до 19:30 ч.;
  •  вторник и петок од 18:00 до 19:30 ч. Термините може да бидат предмет на доусогласување во зависност од интересот

Почетниот период е промотивен, па посетата на часовите е бесплатна.

Уписнина ќе се наплаќа од 1.10.2022 г. и ќе изнесува 1.000 денари месечно за јуниори и 500 денари месечно за јуниорки, а следува и 50 % попуст за второ дете од исто семејство.

Адреса: ул. „Јордан Мијалков“ (Железничка) бр. 40А, приземје, Скопје.


Пополнете го прашалникот

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња