Шаховскиот клуб “АЛКАЛОИД” ја одбрани шампионската титула
На јубилејниот 25-ти Екипен Шампионат на Македонија, екипата на шаховскиот клуб „Алкалоид“ ја одбрани шампионската титула и повторно убедливо и сигурно го освои првото место. Ова е петта едноподруга титула, односно 19-та шампионска титула во 25-те настапи !! Алкалоид ги победи сите свои противници и освои максимални 10 бодови во петте мечеви, при што го изедначи минатогодишниот рекорд со просечни 5,5 освоени поени во секој меч - оставајќи им притоа на своите противници по едно реми во секој меч.
Екипата на Алкалоид настапи покрај домашните играчи Филип Панчевски, Трајче Недев, Звонко Станојоски, Дејан Стојановски, Драгољуб Јаќимовиќ и Влатко Богдановски, засилена со елитните светски велемајстори Павел Елјанов (УКР), Дмитри Андреикин (РУС), Дмитри Јаковенко (РУС) и Јуриј Криворучко (УКР). Единствена промена во екипата од минатата година е Павел Елјанов кој беше во составот на Алкалоид во 2013 година. Планирано е на Европскиот Клупски Куп во борбата за еден од медалите Алкалоид да настапи засилен со уште двајца силни велемајстори.
Пласман
|
Екипа
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
Бодови
|
Поени
|
1
|
Алкалоид, Скопје
|
*
|
5½
|
5½
|
5½
|
5½
|
5½
|
10
|
27,5
|
2
|
Гамбит Асеко СЕЕ, Скопје
|
½
|
*
|
3½
|
4½
|
5
|
5
|
8
|
18,5
|
3
|
Гостивар, Гостивар
|
½
|
2½
|
*
|
4
|
5
|
5
|
6
|
17,0
|
4
|
Прилеп, Прилеп
|
½
|
1½
|
2
|
*
|
3
|
3½
|
3
|
10,5
|
5
|
Карпош, Скопје
|
½
|
1
|
1
|
3
|
*
|
5
|
3
|
10,5
|
6
|
4-ти Ноември, Битола
|
½
|
1
|
1
|
2½
|
1
|
*
|
0
|
6,0
|
Ждрепката одлучи да дербито биде уште во првото коло, односно уште во првото коло настапивме против главниот конкурент Гамбит Асеко – Скопје (а веќе во второто коло против вториот конкурент Гостивар – Гостивар). Во дерби мечевите екипата на Алкалоид настапи во својот најсилен состав, играјќи со тројца странски играчи. Со убедливите победи од 5,5:0,5 во првите две кола практично шампионатот беше решен. Во преостанатите три кола екипата на Алкалоид не дозволи никакво изненадување и со сигурни победи (5,5:0,5) го освои првото место. За одбележување е дека оваа година играчите на Алкалоид не загубија ниту една поединечна партија.
За Алкалоид овој Шампионат претставуваше можност за уигрување на составот и подобрување на атмосферата во екипата, но и како прв чекор, односно анализа и продолжување на подготовките за главниот овогодишен екипен турнир т.е. настапот на Европскиот Клупски Куп кој оваа година ќе се одржи во Нови Сад во периодот 06-12.11.2016 и на кој ќе земат учество најсилните европски клубови.