ЗА СПОНЗОРОТ АЛКАЛОИД СКОПЈЕ

АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која девет децении работи на производство на лекови и на козметички и хемиски производи, како и на преработка на билни суровини.

 

АЛКАЛОИД AД Скопје е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, како и 19 подружници и 2 претставништва надвор од Македонија (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руската Федерација, САД, Велика Британија и Романија).

 

Друштвото брои 2.155 вработени во земјава и 688 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

Акциите на АЛКАЛОИД AД Скопје се во сопственост на повеќе од 5.487 акционери, физички и правни лица.

 

Општествената одговорност е дел од традицијата на АЛКАЛОИД. Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и на македонската фармација, АЛКАЛОИД активно учествува и помага за реализација на манифестации, а учествува и во донации на опрема и во инфраструктурни проекти. Како дел од долгорочното дејствување во овие сегменти, во чест на големиот стратег и визионер, АЛКАЛОИД во 2007 година ја формира Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за стипендирање млади, талентирани и амбициозни студенти на факултетите за медицина и за фармација при државниот универзитет во Скопје.

 

АЛКАЛОИД AД Скопје се јавува како помагател на многу настани и од културата, а особено од спортот. Неколку години АЛКАЛОИД е главен поддржувач на Ракометната федерација на Македонија. Нашата компанија долги години ѝ помага на Шаховската федерација на Македонија, а шаховскиот клуб АЛКАЛОИД е речиси пет децении под целосно спонзорство на АЛКАЛОИД и е најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија.

 

АЛКАЛОИД AД Скопје во 2021 г. го основа РК АЛКАЛОИД, а во 2022 г. и РК МУЛТИ ЕСЕНС, ракометни клубови кои се дел од македонската ракометна Суперлига.

Исто така, на почетокот на 2024 година е основан новиот Шаховски клуб МУЛТИ ЕСЕНС, со цел отварање на дополнителни можности за најдобрите јуниори (особено јуниорите кои ја надминале возрасната граница од 18 години) понатаму активно да се занимаваат со шах преку настапи во поединечна и екипна конкуренција.

Со ова АЛКАЛОИД АД Скопје ги продолжува активностите за поддршка, зајакнување и за развој на македонскиот спорт.